1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер во Каиро

20 јануари 2006

Во врска со спорот околу иранската атомска програма, вчера во Каиро зборуваше германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер.

Заедничка е загриженоста нуклеаризацијата на Иран да не донесе нова опасност за Блискиот исток, изјави Штајнмајер по разговорите со претседателот на Арапската лига Амр Муса:

„Патот кон Советот за безбедност не значи дека се стремиме кон ескалација што би значела точка од која нема враќање. Во никој случај. Меѓутоа, увидовме дека со преговарачкиот мандат во Европа сме на крај и дека сега мораат да се спроведат други дипломатски напори и под друг покрив. Мислам дека за тоа нема друга алтернатива„, оцени Штајнмајер за Дојче веле при посетата на меѓународниот саем на книгата во Каиро.

По посетата на Каиро, Штајнмајер требаше да замине за Израел, во палестинските подрачја и во Јордан. Меѓутоа, аферата околу активностите на германската тајна служба БНД го принуди да се врати во Берлин каде што денеска ќе учествува во дебата на Бундестагот. На маргините на посетата на Египет, Штајмајер во врска со аферата изјави:

„По сето што сега го знам, по седницата на парламентарната контролна комисија, сосема јасно е дека соработниците на БНД што за време на воените настани во Багдад беа на самото место, постапувале соодветно на политичките упатства. Сметам дека сите прашања по таа шестчасовна седница се расчистени и сега е задача на опозицијата да образложи дали и кои би биле причините да се формира истражна комисија„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми