1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер во нова дипломатска мисија во Киев

АТ/ дв/ афп/апе/дпа/ АА-онлајн13 мај 2014

За Украина од одлучувачко значење е „во наредните денови“ да започне национален дијалог, опоменува германскиот министер за надворешни работи, Штајнмајер, кој денеска е во кризниот регион.

Фотографија: Georges Gobet/AFP/Getty Images

Времето притиска. Спорниот референдум во Доњецк и Луганск натамошно ја зголеми тензијата. Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер повторно се обидува да постигне подобрување на ситуацијата по дипломатски пат со директна посета на Киев и доколку е можно на источна и јужна Украина.

Штајнмаејер сака „да се обиде да вопостави мостови меѓу различните табори“, бидејќи тоа било „единствениот пат за деескалација“. Одлучувачки биле неколкуте денови до претседателските избори во Украина. Шефот на германската дипломатија појасни дека целата надеж се полага во иницијативата за тркалезна маса. Во однос на учеството на сепаратистите, тој појасни дека „оние кои имаат крв на рацете, по правило не се оние кои седат на тркалезните маси“.

Министерот за надворешни работи на Германија предупреди од последиците од строгите економски санкции против Русија. „Економска војна ќе го погоди пред сѐ Западот“, рече политичарот од СПД. Според него морало да се спречи спиралата на ескалацијата да се врти нагоре од недела во недела. Досегашниот курс на Западот за Москва останал без последици, смета Штајманер. Русија во изминатите шест недели загубила 100 милијарди долари (околу 73 милијарди евра), а економскиот учинок се намалувал. Оттука, некои во Русија би можеле да бидат загрижени.

Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера во Брисел донесоа одлука за натамошни економски санкции.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми