1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер за договорот од Мека

9 февруари 2007

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер ја поздрави согласноста што ја постигнаа Плестинците во Мека за формирање влада на националното единство. Тој денеска во Берлин изјави:

Го поздрави договорот од Мека: шефот на германската дипломатија Штајнмајер
Го поздрави договорот од Мека: шефот на германската дипломатија ШтајнмајерФотографија: AP

„Го поздравувам фактот што во Мека се успеа да се поситгне единство за влада на националното едиснтво на Палестинците. Се надевам дека со тоа ќе завршат крвавите судири меѓу Палестинците и сакам да и честитам на саудиската влада, посебно на кралот Бдулах за неговито ангажман. Заедно со нашите партнери во наредните денови внимателно ќе го разгледаме постигнатиот договор. Нашите очекувања од палестинската страна се јасни: насилството против Израел мора да заврши. Мора да продолжи дијалогот со израелската влада што го започна претседателот Абас. Основа остануваат сите досега постигнати договори меѓу Израел и ПЛО, како и мировната мапа. Очекуваме од сите страни меѓусебно признавање со цел за решение со две држави„, рече денеска во Берлин германскиот шеф на дипломатијата Штајнмајер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми