1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер и Фишер денеска сведочат

14 декември 2006

Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер и екс-првиот дипломат Јошка Фишер денеска се повикани да сведочат пред истражната комисија на германскиот парламент за тајните служби.

Франк Валтер Штајнмаер
Франк Валтер ШтајнмаерФотографија: AP

Ако се точни информациите на неделникот „Штерн„ дека Штајнмајер како поранешен шеф на кабиентот на сојузниот канцелар е соодговорен за тоа што Мурат Курназ не бил пуштен порано од затворот на Гвантанамо, тогаш тоа би можело скапо да го чини. Сепак, случајот Курназ не е на денешниот дневен ред, туку Штајнмајер и Фишер треба да сведочат за случајот на германскиот Либанец Калед ел Масри.

Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер и неговиот претходник Јошка Фишер се поканети како сведоци во одборот за однесувањето на владата во случајот со грабнувањето на Ел Масри. Одборот очекува да дознае дали поранешната црвено-зелена влада се однесувала коректно кон него. Масри кон крајот на 2003 година беше упасен во Македонија и бил предаден на ЦИА, по што бил префрлен во Авганистан. Повеќе месеци таму бил третиран како осомничен за тероризам и бил ослободен дури во мај 2004 година. Сојузната влада, според сопственото тврдење, за случајот дознала дури по ослободувањето на Ел масри.

Судбината на германскиот Турчин Мурат Курназ кој одлежа преку 4 години во американскиот затворенички логор во Гвантанамо, истражната комисија треба да ја третира подоцна. Меѓутоа, опозицијата најави дека веќе на денешната седница ќе постави прашања за овој комплекс. Турчинот Курназ, роден во Бремен, кон крајот на 2001 бил уапсен во Пакистан и подоцна префрлен во затворот во Гвантанамо. Тогашната сојузна влада според сопстевни информации, дознала за апсењето на 9 јануари 2002 година. Уште истата година таа одбила протерување на Курназ во Германија. Курназ беше ослободен дури во август годинава.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми