1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер на Блискиот исток

24 јули 2006

По повеќедневни дипломатски напори во блискоисточната криза се повеќе се зборува за мисија на меѓународни мировни сили во Јужен Либан. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт вчера, за време на средбата со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер, изјави дека Израел би можел да прифати стационирање воени сили, што би биле составени од земјите на Европската унија.

Штајнмајер во потрага по мир на Блискиот исток
Штајнмајер во потрага по мир на Блискиот истокФотографија: AP

Израелскиот министер за одбрана Амир Перец на Штајнмајер му изнесе уште една верзија: би биле поздравени сили за стабилизација предводедни од НАТО. Непосредно потоа Белата куќа во Вашингтон соопшти дека американски војници не би учествувале во тоа, конечно САД се најголемиот партнер во алијансата. Штајнамјер воздржан:

„Во дискусиите се уште не сме стигнати до таму за да можеме точно да ја опишеме задачата на таквото безбедносно присуство.Тоа би можело да биде засилување на либанската армија, преземање на граничната конторла, или други задачи. Најнапред мораме да подготвиме каталог задачи за потоа да можеме да започнеме со реализација. Се надевам дека во наредните денови ќе стигнеме до таму и оти патот до мир ќе биде отворен„.

Израелските медиуми синоќа јавија дека Израел би можел да прифати сили предводени од Европската унија што би ги контролирале граничните премини меѓу Либија и Сирија. Инаку, за Израел, како што го информира израелскиот министер за одбрана Перез германскиот министер Штајнмајер, решавачко за запирањето на борбите е ослободувањето на израелските војници. По разговорите во Ерусалим, Штајнамјер изјави дека Египет ги координира напорите војникот Гилад Шалит грабнат од страна на Хамас да биде ослободен. Штајнамјер е оптимист:

„Мислам дека многу бргу ќе дојдеме до решение. Убеден сум дека колку побргу ќе дојде до одделно решение на конфликтот во појасот Газа, ќе можеме да побараме решение и за смирување на ситуацијата на север од Израел, на границата кон Либан и за завршување на борбите„.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас кој се сретна со Штајнмајер во Рамала, изјави дека ослободувањето на палестинските и либанските затвореници е решавачко за мирот во Газа и во Либан. Штајнмајер од своја страна изјави дека грабнувањето на војниците го испровоцира Израел. Никако не смее екстремистички групи да ја диктираат политичката агенда на Блискиот исток, истакна германскиот министер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми