Штајнмајер под притисок
24 јануари 2007предложена независност на Косово:
„Русија по падот на комунизмот во Соеветот за безбедност употреби вето само 4 пати. Меѓутоа, со месеци Владимир Путин укажува дека Москва би можела по петти пат да каже „њет„. Во случај меѓународната заедница да дозволи воспоствување втора албанска држава, тогаш ниту на населението во Абхазија или Трансистрија нема да може да му се забрани сличен пат кон осамостојување, како што истакнува Путин. Сепак, руската аргументација е само средство што и служи на целта, зашто заканата со вето е многу покорсиен инструмент од самото вето. Руската дипломатија знае дека може да го забави процесот за решавање на статусот на Косово„, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг„
Сега за аферата околу Мурат Курназ. Весникот „Алгемајне цајтунг„ од Мајнц пишува дека ударите на сметка на министерот за надворешни работи Штајнмајер во случајот Курназ се се’ поблиски. „Сега го товари и специјалната комисија на Европскиот парламент. Штајнмајер категорички одрекува дека знаел за каква и да е американска понуда да се ослободи Курназ. Сега неговиот збор стои против зборот на адвокатот на Курназ и на европските парламентарци. Штајнамјер мора да биде сигурен дека неговата позиција и нервите ќе издржат каква и да е нова фактичка состојба„.
Весникот „Штутгартер цајтунг„ не смета дека ќе дојде до брзо решавање на случајот:
„Барањето Штајнмајер колку што е можно побргу да биде сослушан пред анкетната комисија не носи многу. Подобро е да се испитаат другите непознати и да се сослушаат оние на пониски позиции, пред да се повика оној што носи политичка одговорност. Сите, па и Штајнамјер, кои не можат да причекаат со барањето оставка, морат да се стрпат„.