1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер со поддршка за Израел

13 февруари 2006

Радикално исламистичката организација Хамас ќе остане изолирана во меѓународни рамки доколку не се откаже од насилството и не го признае правото на постоење на Израел – и тоа без претходни услови.

Франк Валтер Штајнмајер
Франк Валтер ШтајнмајерФотографија: dpa

Ова e позицијата што шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер денеска во Ерусалим му ја пренесе на вршителот на должноста израелски премиер Ехуд Олмерт.

Без исполнување на јасно поставените услови нема да има разговори со Хамас, порача Штајнмајер претпладнево во Ерусалим. Во разговорот со вршителот на должноста Израелски премиер Ехуд Олмерт, тој јасно посочи и дека солидарноста на Германија со Израел е неотповиклива и поради познатите настани од историјата. Во таквата позиција на германската влада ништо не се измени ни по парламентарните избори во палестинските автонимни подрачја од јануари, на кои победи радикалната организација Хамас, нагласи Штајнмајер. Тој додаде дека израелската страна многу критички гледа на развојот во Хамас и не гледа индиции за намера на оваа организација да им се прилагоди на реалните факти.

Во меѓувреме шефот на Хамас, Калед Машал во интервју за рускиот весник „Независимаја газета„ посочи дека неговата организација ќе се откаже од насилството само доколку Израел вети оти ќе се повлече од Западниот брег на реката Јордан. Со тоа тој ги отфрли барањата од меѓународната заедница Хамас уште пред формирањето нова палестинска влада да се декларира за мирно надминување на спорот со Израел. Машал истовремено ја поздрави поканата од Русија висока делегација на Хамас да дојде на разговори во Москва уште до крајот на овој месец. „Русија е првата земја на Блиско источниот квартет што го почитува изборот на Палестинците„ – изјави Машал.

Израелската влада, која во првичната реакција по најавите за поканата на Хамас од Москва го осуди ваквиот потег на руското раководство, во меѓувреме го ублажи ставот. Според говорник на владата во Ерусалим, Израел ја примил на знаење поканата, но не ја одобрува во овој момент, бидејќи смета дека е преуранета. Израелскиот амбасадор во САД Дени Ајалон со поумерен тон изјави:

„Израел се чувсувтва обврзан кон решението што подразбира две држави, а содржано во т.н. роуд меп. Ние би сакале да најдеме доверлив партнер на палестинска страна, кој сака мир и со кого би можеле да најдеме решение.„

Советникот на Палестинскиот претседател Махмуд Абас, со кого Штајнмајер според планот ќе се сретне утре, во врска со поканата за Хамас од руска страна појасни:

„Претседателот ја прими пораката од руското раководство, што се однесува до посетата на Хамас на Москва. Во принцип тие не‘ информираа дека на Хамас ќе му кажат да ги почитува решенијата на Блиско источниот квартет и тоа е добра вест.„

Шефот на германската дипломатија Франк Влатер Штајнмајер утре попладне по разговорите со Претседтелот Абас заминува уште во посета на Јордан и Турција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми