1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Кој требало да ја контролира „Беса Транс“?

БГ
24 ноември 2021

Законот за превоз во патниот сообраќај ги расчистува дилемите околу надлежностите на државните органи по трагедијата на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 луѓе. Контролата била во рацете на Инспекторатот и Царината.

Busunglück in Bulgarien
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Како е можно автобус без лиценца да превезува патници преку најмалку три држави и каде затаила контролата на надлежните институции? Многу неодговорени прашања по трагедијата на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 луѓе. Законот за превоз во патниот сообраќај јасно ги дефинира правата и задачите на институциите во конкретниот случај. Автобусот на „Беса Транс“ и возачите кои управувале со него морале да минат низ системот и да бидат одобрени и контролирани од Инспекторатот за транспорт и Царината. Истрагата треба да утврди зошто тоа не било случај. 

Секоја фирма во Северна Македонија која сака да врши јавен превоз на патници на територијата на земјата или надвор од неа, мора да исполни три клучни услови: да добие лиценца за вршење на дејноста; извод од лиценца со кој се пријавува возилото; како и обезбеден сертификат за професионална компетентност (СПК) за лицето кое ќе управува со возилотот.

Според информациите од надлежните институции, од трите неопходни документи, компанијата „Беса Транс“ поседувала еден- лиценца за вршење на превоз издадена во 2018 година, но за други четири возила во нејзина сопственост. Автобусот во кој настрадаа 45 патници во Бугарија не бил пријавен во системот на Министерството за транспорт, односно немал извод од лиценца. Дали возачот, или возачите, кои го управувале автобусот кобната ноќ, имале сертификат СПК сѐ уште не е познато. Се чека потврда од бугарските власти на нивниот идентитет за да може да се провери дали тој или тие, биле пријавени во системот и ги поседувале неопходните дозволи. 

Надлежност и контрола 

Лиценците и сертификатите ги издава Министерството за транспорт, а за контрола е задолжен Државниот Инспекторат за транспорт. Овој Инспекторат не е под надлежност на Министерството, туку на Инспекцискиот совет. Неговиот директор Руфат Хусеини, во единствениот настап во јавноста во средата се чудеше како автобусот ги минувал границите доколку немал лиценца.

Трагедија на автопатот „Струма“

03:41

This browser does not support the video element.

Според Законот за превоз во патниот сообраќај, токму институцијата на Хусеини била надлежна за таа контрола, заедно со Царината. Законот тоа го регулира најпрво со членот 49 став 2, во кој се наведува:

„При вршењето на слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај, превозникот мора да има извод од лиценца, патен налог во оригинал, евидентен лист за превоз на патници, договор склучен меѓу превозникот и нарачувачот на услугата и правилно и точно пополнет патен лист на пропишан образец, потпишан и заверен од превозникот и заверен од надлежните царински служби на Република Македонија (во натамошниот текст: Царинска управа)."

Со други зборови, автобусот на „Беса Транс“ не можел и не смеел да минува меѓудржавни граници без потребните документи. Како и зошто тоа се случило, Царинската управа истражува уште од средата наутро на граничниот премин Деве Баир кон Бугарија. Досега без епилог.

Автобусот не смеел да излезе од земјата 

Тоа во детали го регулира членот 81 во ставовите 1 и 2 од истиот Закон.

„(1) Царинската управа, на граничниот премин, односно на друго место каде што се врши царинскиот надзор проверува дали домашниот и странскиот превозник имаат меѓународна транспортна дозвола и други исправи и документи за возило, возач, стока и/или патници (ЦМР-товарен лист или план за возење на возачите или извод од лиценца или СПК на возач за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај и слично), пропишани со овој закон за вршење на соодветен вид на превоз и дали превозникот го врши превозот во согласност со тие документи.

(2) Ако царинската управа утврди дека странски или домашен превозник нема во возилото меѓународна транспортна дозвола и други потребни исправи и документи или истите не ги користи на пропишан начин, ќе забрани влез на возилото во Република Македонија, односно излез од неа." 

Министерот за транспорт Благој Бочварски го посочи Инспекторатот како надлежен за контролаФотографија: Regierung Nordmazedoniens

Но, за воопшто да може да стигне до граничниот премин, автобусот на „Беса Транс“ првично требало да биде исконтролиран од Инспекторатот.

Имено, согласно Член 88 од споменатиот Закон, државните инспектори за патен сообраќај вршат надзор на „исполнувањето на условите за добивање на лиценца за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници и стоки". Притоа, во следниот, член 89, законот му дава право на државниот инспектор „да донесе решение за исклучување на возило од сообраќај, со одземање на сообраќајната дозвола, доколку се врши превоз пред впишување на дејноста во Централниот регистар или доколку превозникот нема лиценца за вршење на соодветен вид на превоз предвидено со овој закон"

За прекршоците кои досега се утврдени кај „Беса Транс“, законот предвидел казни од неколку илјади евра. За вршењето превоз без извод од лиценца на превозникот му следувала казна од 2.500 евра, додека евентуалното откривање на возач без СПК сертификат би го чинело дополнителни 1.850 евра во денарска противвредност.

Досега, единствено Министерството за транспорт започна постапка за одземање на лиценцата за работа на компанијата „Беса Транс“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми