1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Што да се прави без руски туристи?

Мартин Кох
7 мај 2022

Одењето на одмор во Русија важи за статусен симбол. Земји како Тајланд, Куба и Турција се особено омилени. Тие сега се исправени пред дилема– што да се прави без руските туристи кои поради војната во Украина не патуваат.

Руски туристи на одмор во Анталија, Турција
Руски туристи на одмор во Анталија, ТурцијаФотографија: Chris McGrath/Getty Images

Во изминативе години во Русија се етаблираше добра богата класа за која одењето на одмор е важно и која исто така сака да живее луксузно. Затоа нивните омилени дестинации за одмор се земји како Куба, Индонезија, Тајланд и Турција. Гости од Русија има и на луксузните острови како Малдиви, Сејшели и на Шри Ланка, а се повеќе руски туристи одмораа и на сончевиот Кипар – ова се податоци кои ДВ ги доби од Организацијата за туризам на ОН, УНВТО.

Според податоците од УНВТО руските туристи во 2020 година на глобално ниво имаат уддел од 3% во вкупниот туристички обрт, односно потрошиле 14 милијарди долари.  Пред пандемијата (2019) нивниот удел бил двојно повеќе, односно 36 милијарди долари. Според Светската туристичка организација, украинските патници придонеле со уште 8,5 милијарди долари во продажбата на туристичките аранжмани.

Од почетокот на руската војна против Украина, во горенаведените земји ѕвони „туристичкиот“ аларм. На Кипар, гостите од Русија (20 отсто) и Украина (2 отсто) сочинуваат вкупно 22 отсто од ноќевањата. Турција, врз основа на бројките на турската статистичка управа од претходната година, може да „пропушти“ околу 4,7 милиони посетители од Русија и плус околу два милиони од Украина.

Овие дестинации се засегнати во зависност од нивната позиција смета професорот Урс Вагенсеил од Центарот за компетентност на Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн.

„Некои региони како турскиот јужен брег, Тајланд или Бали ќе изгубат голем број туристи, додека градовите како Сент Мориц, Зелден или Виена ќе имаат помалку од туристите од „горната класа“. Во секој случај, јасно е дека овие дефицити не можат да се надоместат „преку ноќ“. Ефектите за Куба се уште подраматични. За тамошната туристичка индустрија, Русија стана светло надеж откако бројот на посетители на карипскиот остров падна за 70 отсто во 2021 година поради пандемијата на коронавирусот: 40 отсто од сите странски туристи во Куба беа од Русија.

Фотографија: MATTHIEU CLAVEL/AFP/Getty Images

Диверзификацијата е важна

Во принцип, секогаш е препорачливо една земја да не се специјализира премногу само за туристите од една земја, вели во интервју за ДВ професорот Јирген Шмуде, претседател на Германското друштво за истражување на туризмот.

„Но, теоријата не секогаш се претвора во пракса“, додава тој. Туристичката индустрија доживеа континуиран раст во период од 20 години до избувнувањето на корона пандемијата. Многу земји успеаја да се диверзифицираат, нагласува Јирген Шмуде и ова го илустрира со Турција - земјата на Босфорот привлекува не само околу четири и пол милиони руски туристи, туку и милиони туристи од други земји. Хотелиерите и гастрономите на Кипар, исто така, се релативно опуштени во однос на понатамошниот развој. Филокипрос Русунидес, генералниот директор на Кипарската хотелска асоцијација, изјави дека „благодарение на подобрената соработка со Франција, Германија, Полска, Унгарија и други европски земји, 2022 година ќе биде подобра од минатата година, и покрај недостатокот на гости од Русија и повисоките цените на енергијата“.

Војната како „ризик за одење на одмор“

Од гледна точка на експертите за туризам уште еден друг аспект, покрај отсуство на туристи од одредена земја, може да има барем исто толку сериозни последици за земјите кои се туристички дестинација - ако се случат настани што го фрлаат туристичкиот регион во лошо светло и претставуваат „опасност“ за планираниот одмор. Во таков случај и туристите од други земји исто така го откажуваат планираниот престој со што дополнително се влошува „туристичкиот“ биланс на земјата туристичка дестинација.

Тоа може да бидат природни катастрофи, односно експертите зборуваат за „природни опасности“ како земјотреси, вулкански ерупции или поплави. Но има и „човечки опасности“, односно предизвикани од човечки фактор, како војни, терористички напади или политички пресврти кои може да влијаат врз откажување на плановите за патување на туристите.

Она што е впечатливо е дека еден настан делува позастрашувачки колку што ви е подалеку од дома. „Колку подалеку е штетата, толку поголем е просторот што луѓето го перцепираат како опасен", вели Јирген Шмуде.

„Туристите имаат кратко сеќавање"

Како пример ги наведува терористичките напади во Париз. „По атентатите во 2015 требаше долго долго време за туристи од Азија или Америка повторно да почнат да доаѓаат во Европа бидејќи си мислеле дека насекаде во Европа е опасно, додека туристи од соседните земји на Франција многу побрзо се вратија на старите дестинации", вели експертот за туризам.

Генерално туристите имаат „кусо памтење”, вели Шмуде, односно по релативно краток период желбата да се патува го потиснува стравот, но патниците полесно простуваат природни непогоди отколку кога е замешан чивечки фактор”, објаснува Шмуде.

Клучно е дали се работи за изолиран случај или последица на повеќе слични настани, нагласува Вагензајл од Вишата школа во Лозана. Многу земји кои вреди да се посетат заради зачестени пречки низ годините исчезнале од туристичките карти, а тука се вбројуваат Тунис, Египет, Шриланка, Сирија, Мјанмар, Авганистан и Мексико каде заради терористички напади и војни туристите се плашат да патуваат.

"Патувањето треба да носи радост, човек сака да избегне страдање и трагедии. За секоја форма на патување има алтернативи, па кризни жаришта секако се избегнуваат", вели Урс Вагензајл и додава дека човек не треба да се концентрира само на еден вид атракција. “Кој може да понуди само сонце, песок и море мора да е сведен дека при локално загадување на морето се заканува привремена целосна загуба на приходиsagt", предупредува експертот за туризам.

Не може да се надоместат загубите

Кога патници нема како сега во случајот со војната во Украина, земји кои зависат од туризам се соочуваат со тешки времиња бидејќи компензација за пропустите се тешко возможни. Агенцијата за туризам на ООН според сопствени податоци е во контакт со земјите членки за да ги поддржат на најдобар можен начин во справување со кризата и при развој на нова маркетинг стратегија. Покрај тоа во некои земји има програми за помош, кои сепак се доволни да покријат само мал дел од загубите.

Таквата состојба би можела да се промени со придобивање нови туристи и целни групи од други земји. Но, за тоа се потребни време и финансиски резерви, што по две години пандемија на многу места е мисловна именка. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми