1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За иднината на Авганистан

2 декември 2011

На 5 декември во Бон почнува меѓународната конференција за Авганистан. Тежишни теми се националното помирување ангажманот на меѓународната заедница во земјата по 2014-та година.

Првата голема меѓународна конференција за иднината на Авганистан на крајот од 2001 се оддржа истотака во БонФотографија: ap

Странските трупи во Авганистан , веќе 10 години се обидуваат да обезбедат мир во земјата. И покрај сите проблеми нивниот ангажман треба наскоро да заврши. Во 2014 НАТО силите би требало да се повлечат. Предавањето на одговорноста за безбедноста на земјата во рацете на Авганистанците започна.

Националното помирување од клучно значење

Но како ќе биде по повлекувањето?

„ Сосема јасен сигнал кој се стремиме да го испратиме од конференцијата во Бон е дека постои обврска на меѓународната заедница и по 2014-та да остане ангажирана значително долго време во Авганистан за да ја придружува земјата кон една стабилна и подобра иднина“, вели Андреас Пешке, портпарол на Германското министерство за надворешни работи.

Друго тежиште на конференцијата е националното помирување, без кое не е возможен мир. Соседните држави имаа клучна улога во мировниот процес. Конференцијата ќе биде засенета од откажувањето на учеството од страна на Пакистан по минатонеделниот смртоносен напад на НАТО силите врз пункт на пакистанската армија, во кој загинаа 26 војници.

Автор: Ања Келер/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми