1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

080609 D EU Wahl

8 јуни 2009

Шок за СПД, надеж за партиите на Унијата и либералите за изборите наесен – на европските избори, германската СПД забележа историски најнизок резултат, додека Унијата во ЕП праќа најголем број пратеници.

Изборите за европскиот парламент му даваат голем поттик на конзервативниот политички камп. Се чини дека освојувањето црно-жолто мнозинство на изборите за германскиот парламент наесен, е на дофат. Партиите на Унијата, ЦДУ и ЦСУ, како и либералите, се надеваат дека големата коалиција, која не ја сака ниту една од партиите, по четири години на власт, ќе стане минато. По европските избори, генералниот секретар на ЦДУ, Роналд Пофала е убеден дека веќе ништо не и‘ стои на пат на победата: „Во Германија има јасно граѓанско мнозинство на Унијата и ФДП. Од
Задоволство во партиската централа на ЦДУФотографија: AP
СПД имаме освоено 17% гласови повеќе. Унијата, сама, е посилна од СПД и Зелените заедно!“

Социјалдемократите не се предаваат толку бргу

Партиското претседателство на СПД не го припишува лошиот резултат на европските избори на слабостите во содржината и презентацијата, на пример, туку на традиционално малиот одзив на избирачите: „Мобилизацијата е клучниот збор, и тоа затоа што, како што покажаа и претходните европски избори, имаме хронични проблеми со мобилизирањето на нашата клиентела на европските избори. Тоа, во последните години, секогаш можевме да го поправиме на изборите за Бундестагот.“

Кај СПД, по објавувањето на резултатите, расположението беше на дноФотографија: AP

СПД вложува огромни напори за да го доведе својот врвен кандидат, министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер, на канцеларската фотелја. Тој во изминатите недели се мешаше многу во економската политика, но се чини дека неговиот ангажман за спас на работни места, како во случајот на Опел, не му донесе и повеќе гласови.

Не треба прерано да се биде песимист

Потенцијален коалиционен партнер на СПД би биле Зелените, кои на европските избори постигнаа добар резултат, но кои со слабите социјалдемократи не прават ништо. Сепак, врвниот кандидат на Зелените, Јирген Тритин, со оглед на загубата на гласови кај ЦДУ во споредба со претходните европски избори, предупредува дека не треба прерано да се биде песисмист: „Овие избори не се решавачки. На оној, што сега шета како паун и верува дека црно-жолтите веќе победиле, морам да му кажам дека ништо не поминало! Вие од ФДП дури не добивте ни толку гласови, колку што ЦДУ и ЦСУ заедно загубија!“

Зелените се радуваат, но со слаба СПД работата не изгледа доброФотографија: dpa

За Партијата на левицата ништо не се менува

За Партијата на левицата состојбата не се менува значително. Таа на сојузните избори настапува против сите. И покрај внатрешните кавги, Партијата на левицата на европските избори освои повеќе гласови во споредба со претходните избори, иако не толку многу колку што се надеваше. Целта за септември гласи - 10 проценти плус Х. Коалиција што би ја претпочитале левите - нема!


Автор: Нина Веркхојзер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми