Германците се горди на тоа како нивната земја се справи со пандемијата, но во исто време секој трети смета дека владата прави кризата да изгледа поголема отколку што е. Како соодветствува ова?
Реклама
На кој социјален тип припаѓате? Дали сте „отворената личност“ за која космополитизмот и критичкото размислување се на прво место? Или се вбројувате меѓу „прагматичарите“ за кои е важен личниот напредок, но контролата секогаш доаѓа пред довербата? Или, пак како на „етаблирана личност“ социјалниот мир ви е најважен ?
Организацијата „Повеќе заедничко“ го подели општеството во Германија на дури шест социјални типови на личности во населението, со различни вредности и основни верувања. И овие типови не поминуваат низ пандемијата подеднакво добро.
„Луѓето во Германија сосема различно ја доживуваат корона-кризата, така што се уште не може да стане збор за сеопфатно меѓучовечко доживување на кризата “, велат Лаура-Кристине Краузе и Жереми Гање од организацијата „Повеќе заедничко“ за нивната најнова анкета спроведена меѓу 2.000 луѓе за тоа што оваа особена година предизвикува во германското општество. „ Додека некои се многу задоволни од кризната политика, многумина се чувствуваат оставени сами со своите проблеми“.
Различното доживување на корона-кризата е закана за кохезијата и има потенцијал уште повеќе да ја продлабочи трипартитната поделба на општеството, велат организаторите на студијата. Во оваа трипартитна поделба на општествените стабилизатори, се вбројуваат„инволвираните“, за кои се важни граѓанството и заедништвото, потоа „бесните“ кои се стремат кон национален поредок и се недоверливи, како и невидливиот трет тип на „разочараните“ кои се жалат на недостаток на ценење и на правда.
Не е ни чудо што различните социјални типови исто така се различно подложни на теориите на заговор. Речиси секој трет Германец верува дека владата прави кризата да изгледа поголема отколку што навистина е, со цел да ја протурка сопствената агенда. И тоа главно се должи на „бесните“ кои како критичари на системот, гласно го одредуваат јавниот дискурс.
„Резервите на доверба во општеството беа ниски дури и пред корона-кризта, кај делови од населението гледаме длабока недоверба кон политичките институции“, велат Краузе и Гање, „но не треба да заборавиме дека околу 70 проценти од луѓето во Германија досега се задоволни од корона-политиката“.
Коронавирус: Кога маката ќе те направи инвентивен
И во иднина ќе треба да живееме со пандемијата на коронавирус. Но, добро е што во меѓувреме има толку многу идеи кои ни го олеснуваат секојдневието со вирусот - иако на некои треба допрва да се навикнуваме.
Фотографија: JF Group GmbH
Добар апетит на вечера во стакленик
Конечно може да се отиде некаде на вечера: рестораните се повторно отворени по повеќе недели пауза. Во Културниот центар Медиаматик во Амстердам гостите можат да јадат во мали „оранжерии“, стаклени куќички, добро заштитени од ветар, временски прилики и коронавирусот кој евентуално може да им го пренесат други посетители. Концептот има добар прием, до крајот на јуни се резервирани сите маси.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Dejong
Во ресторан со стаклена преграда на масите
Во многу ресторани пак на масите се поставува стаклена преграда, како оваа во „Гага кафе“ во Милано. Гостите при јадењето се заштитени од останатите со вграден плексиглас и од поторот меѓу масите, заради намалување на опасноста од инфекција. Заштитна маска сепак е обврска, барем додека не се јаде.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Furlan
Фризерски салони со заштита
Посебни правила во време на пандемијата на коронавирус важат и во фризерските салони. Заштитни маски за уста за фризерите и муштериите, и овде мијалниците се одделени со стаклена преграда. Нема веќе кафе додека се чека во салонот, долго задржување е табу. На муштериите ионака им е важно само повторно да имаат добра фризура.
Фотографија: Imago Images/J. Tack
Судбоносното „да“ пред гостите во автомобили
Кој вели дека свадбите во време на корона мора да бидат без гости? Во едно автокино во Диселдорф младенците склопија брак додека гостите ја следеа церемонијата ѕиркајќи преку шофершајбните од нивните автомобили. На крајот на венчавката следеше бучно свирење со автомобилските сирени. Ова беше прва германска свадба во автокино.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Strauch
„Црни острови“ во канцеларијата
Вака би можело да изгледа бирото на иднината: црни обележани простори на подот покажуваат колку можете да им се приближите на колегите, без да го прекршите правилото за дистанца од два метри. Преградите од плексиглас зад мониторите даваат дополнителна заштита. Но, за оваа визија на „футуристичката канцеларија“ од една филијала во Амстердам е потребно пред сё едно - многу простор.
Фотографија: Reuters/Cushman/Wakefield
Ред при чекањето
Не само во затворен простор, туку луѓето и надвор во идните месеци мора да држат меѓусебно растојание. На станица на метрото во францускиот град Ница стапалките во кругови покажуваат каде смеат да стојат патниците кои чекаат. Слични примери има низ цел свет. Но, и на ваков начин не може да се спречи турканица при влегувањето.
Фотографија: Reuters/E. Gaillard
Едносмерно движење
И во трговските улици во Данска луѓето треба да се движат по определени правила. Исто како и во автомобилскиот сообраќај, во Аалбог важи и за пешаците - секогаш движи се на десната страна. Целта е така да се избегнат премногу блиски средби. Дали тоа навистина функционира, барем на прв поглед, според оваа фотографија, е сомнително.
Фотографија: Reuters/H. Bagger
Живот во шише
Во густо населениот Хонгконг, некои луѓе со пресечено пластично шише не само што се погрижуваат за држење физичка дистанца, туку обезбедуваат и целосна заштита на лицето од евентуални капки кои содржат вирус. Мора да се признае, не изгледа баш удобно, но барем е евтин пронајдок.
Фотографија: AFP/A. Wallace
Направа за отворање врата
Држење физичко растојание е едно, избегнување инфекција преку површини е друго. Многу луѓе при влегувањето во лекарски ординации или јавни тоалети затоа ја отвораат вратата со лакт, но постои и нешто подобро. Овој „отворач на врати“ го решава проблемот, барем така тврди производителот.
Фотографија: JF Group GmbH
9 фотографии1 | 9
Парадоксално, теориите на заговор се разгоруваат и поради тоа што Германија - за разлика од нејзините европски соседи - досега толку добро помина низ кризата. „Нема слава во превенцијата“, постојано повторуваше најпознатиот германски вируолог Кристијан Дростен- и на крајот имаше право.
Наместо да жнее слава за добрата превенција против ширењето на вирусот, со која бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Германија споредбено можеше да се одржи на релативно ниско ниво, некои се сомневаат во опасноста од вирусот и во заштитните мерки.
Германците остануваат поштедени од слики како оние од Бергамо, Италија, каде речиси секое семејство изгуби член од болеста. Во Германија, околу 9.300 луѓе досега починаа од последиците Ковид-19, и тоа на население од 83 милиони.
Но, во исто време Кристијан Дростен и не беше во право. Германската влада добива врвни оценки за своето управување со кризата и бележи значително подобри резултати во сите категории од владите на Италија, Полска, Холандија, Велика Британија и на Франција. „Ако ги погледнете бројките, Германија стори сé правилно“, вели еден учесник во анкетата.
Пандемијата на коронавирус влегува во музеј
Без оглед што последиците на кризата уште не се конечни, коронавирусот уште сега пишува историја. Затоа музеите веќе собираат корона-експонати за своите изложби
Фотографија: Corona-Kris
Нова порака за светот
„Остани дома“, гласи пораката на овој знак, а таа во меѓувреме е универзална за цел свет. За идните генерации да можат да се потсетат на посебните услови за време на пандемијата на коронавирус, насекаде мали и големи музеи упатија повик до граѓаните да сочуваат вакви објекти и да им ги предадат. На таков начин Фихтелгебирг музејот во Вунзидел стигна до овој експонат.
Фотографија: Fichtelgebirgsmuseum
Корона-отпад
Насекаде низ градовите лежат невнимателно расфрлени гумени ракавици за една употреба, кои сега се носат при купување во супермаркет. Со корона пандемијата расте потрошувачката на пластика и пластичен отпад. Во продавниците повторно повеќе се трошат предмети за една употреба. Кафе не може да се пие во кафуле, туку во пластични чаши за по пат.
Фотографија: Corona-Kris
Ново заедништво
„Остани здрав“ - на ваков начин сега завршуваат телефонските разговори или вака гласи поздравот на крајот на некој имеил. Се чини како пандемијата на коронавирус да создаде нов свет на солидарност и сочувство. Засилено е заедништвото и луѓето повторно пројавуваат поголема грижа за ближните.
Фотографија: Corona-Kris
Празни плоштади и улици
Во градовите веќе нема навала на туристи. И на плоштадот Марија во Минхен владее празнина. Градскиот музеј на Минхен му дал налог на фотографот Олаф Бекер да ја фотографира оваа вонредна состојба. Неговите фотографии се „изложени“ на веб страницата на музејот.
Фотографија: Olaf Otto Becker
Корона-тестови наместо вртелешки
Низ цела Германија настануваат вакви „драјв-ин-станици“. Така е и во Минхен, на локацијата каде инаку се подигаат шаторите за Октоберфест. Постапката наликува на онаа во ресторани за брза храна, со мала разлика - наместо да добие сендвич со плескавица, возачот ја отвора устата за лекар во заштитна облека да му земе брис.
Фотографија: Olaf Otto Becker
Обезбедена потребна дистанца
Пандемијата на коронавирус насекаде предизвикува несигурност, но и креативен потенцијал. Со оваа конструкција за држење минимално потребно растојание од сопствено производство, која во иднина ќе биде дел од збирката во Виенскиот музеј, нема утнување и ефикасно се спречува инфекција.
Фотографија: Wien Museum/Peter Feermann & Esther Zahel
Коронавирус како играчка
Директорот на Виенскиот музеј, Мати Бенцл особено се радува на добивањето на овој рачно изработен исплетен примерок на Ковид-19 кој ќе има свое место во една од изложбените витрини. Плетената играчка покажува дека ние не само што знаеме како изгледа вирусот, туку и на каков начин да се обидеме да ја намалиме опасноста од него во нашата свест.
Фотографија: Wien Museum/Monika Österreicher,
Носење маска како задолжителен додаток
Новата корона-реалност се одликува не само со ваква индустриски произведена заштитна маска, каква што носи австрискиот канцелар Себастијан Курц, туку и многу други. Од причина што недостигаат медицински заштитни маски, во меѓувреме и модните куќи шијат маски од скапи материјали.
Фотографија: picture-alliance/dpa/APA/R. Schlager
8 фотографии1 | 8
Затоа не е изненадувачки што Германците велат дека справувањето на Германија со кризата ги направило погорди на својата земја. Или како што објасни една анкетирана личност: „Веќе постои одредено чувство на гордост за она што го постигнавме за краток временски период, за секој кој соучествуваше, симнувам капа, супер“.
Во ова се вклопува и резултатот на актуелната студија на фондацијата Бертелсман дека популистичките ставови во Германија силно опаѓаат. Само уште секој петти Германец е подложен на популизам, во прв ред поради работата на владата во корона-кризата.
Лаура-Кристине Краузе и Жереми Гање од организацијата „Повеќе заедничко“ во својата студија дошле до заклучок дека „луѓето се помалку подготвени да направат компромис со оние кои мислат поинаку отколку што беа пред кризата “.
Во иднина, германските политичари треба засилено да се грижат за таканаречената „невидлива третина“, односно за „прагматичните“ и за „разочараните“, препорачуваат авторите на студијата: „Тие лично и политички се лошо вклучени во општеството и често се чувствуваат социјално дезориентирани. Ним треба да им се посвети далеку поголемо внимание. "