Франција е светски првак, а Мундијалот во Русија веќе е историја. Некои сознанија остануваат и може да бидат патоказ за иднината. Ние избравме пет од нив.
Реклама
Победува фудбалот на контри
„Натпреварот не беше предобар“, признава дури и тренерот на новиот светски првак Дидие Дешамп по финалната победа од 4:2 против Хрватска. Би можело да додадеме дека на целото првенство немаше предобра игра. Трикови во играта недостасуваа, магичен фудбал воопшто немаше во понуда. Рецептот за успех беше компактна одбрана и контра-напади. Порано тоа беше тактика на аутсајдерите, а сега изгледа како да станала одлика на врвниот фудбал. Франција без сомнение е заслужен првак бидејќи беше ефикасна екипа, но фудбалски сјај дури и триколорите покажаа само во ретки ситуации. Тоа важи и за други екипи со голем играчки потенцијал како Белгија, Бразил или Шпанија.
Русија добро се продаде
Не мора да одиме толку далеку како првиот човек на ФИФА Џани Инфантино, кој рече дека првенството во Русија било „најдоброто кое некогаш се одржало“.. Човекот според описот на работното место е задолжен за пофалби, сѐ друго би можело да се сфати како критика на ФИФА на своја сметка. Но, Русија навистина се покажа како пријателска земја. Модерните стадиони беа пополнети, немаше конфликтни ситуации, на домаќинот не му се случија некои поголеми пропусти во организацијата на настанот. За разлика од Зимските олимписки игри во 2014 година во Сочи, светското првенство не беше во знакот на Путин. Рускиот претседател овој пат беше упадливо воздржан што беше позитивно за надворешниот впечаток. Путин се појави само на отворањето и на финалето.
Најголемиот губитник е Германија
Допатуваа како прваци, а си заминаа како лузери. Така се одвиваше првенството за германската репрезентација. Причините за историскиот неуспех и испаѓањето уште во првиот круг беа очигледни. Недостигаше од сите состојки кои во 2014 доведоа до триумфот – глад за победа, акција, тимски дух, лидерски квалитети. Играчите не се покажаа во најдобро светло, но не се покажаа ни тренерот Јоахим Лев, менаџерот Оливер Бирхоф и Германската фудбалска федерација. Крајно време е, не само како во случајот со Мезут Озил, да се разработат грешките и да се извлечат неопходните консеквенци. Само така репрезентацијата може да се врати на вистинскиот пат.
Пет нешта кои ги научивме од Светското првенство 2018
Светското фудбалско првенство во Русија е зад нас. Тоа донесе нов светски шампион- Франција, која на тронот ја замени Германија, која дефинитивно беше најнегативното изненадување на првенството.
Фотографија: REUTERS
Дефанзивата и контрите- рецепт за успех
Трикови во играта недостасуваа, магичен фудбал воопшто немаше во понуда. Рецептот за успех беше компактна одбрана и контра-напади. Порано тоа беше тактика на аутсајдерите, а сега изгледа како да станала одлика на врвниот фудбал. Франција без сомнение е заслужен првак бидејќи беше ефикасна екипа, но фудбалски сјај дури и триколорите покажаа само во ретки ситуации.
Фотографија: Reuters/D. Martinez
Русија- одличен домаќин
Русија навистина се покажа како пријателска земја. Модерните стадиони беа пополнети, немаше конфликтни ситуации, на домаќинот не му се случија некои поголеми пропусти во организацијата на настанот. За разлика од ЗОИ во 2014 година во Сочи, светското првенство не беше во знакот на Путин. Рускиот претседател овојпат беше упадливо воздржан што беше позитивно за надворешниот впечаток.
Фотографија: Reuters/G. Garanich
Најголем губитник- Германија
Причините за историскиот неуспех и испаѓањето уште во првиот круг беа очигледни. Недостигаше од сите состојки кои во 2014 доведоа до триумфот – глад за победа, акција, тимски дух, лидерски квалитети. Играчите не се покажаа во најдобро светло, но не се покажаа ни тренерот Лев, менаџерот Бирхоф и Германската фудбалски сојуз. Следува бурен период за германската репрезентација.
Фотографија: Reuters/M. Dalder
Некои нови момчиња
Хрватска беше исклучок. Тие имаа искусни играчи со преку 30 години како врвниот Лука Модриќ (лево на фотографијата) кои на малата земја и помогнаа со влезот во финалето да го забележи најголемиот успех во историјата. Инаку пред сѐ младите играчи се наоѓаа на насловните, во прв ред 19-годишниот Мбапе (десно на фотографијата) кој се охрабри да згазне по стапките на Меси или пак Роналдо.
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach
ВАР- технологијата може да функционира
Судиите на Мундијалот екцесивно ја користеа ВАР-технологијата, со исклучок на само неколку ситуации. Сликите од контролниот простор беа прикажувани на стадионите и на телевизиските екрани. Тоа придонесе за поголема транспарентност отколку во Бундеслигата. Не може да се смени фактот дека ќе има ситуации во кои финеси одлучуваа.
Фотографија: Reuters/M. Sezer
5 фотографии1 | 5
Нови генерации на повидок
Хрватска беше исклучокот. Тие имаа искусни играчи со преку 30 години како врвниот Лука Модриќ или пак Иван Перишиќ и Марио Манџукиќ, кои на малата земја и помогнаа со влезот во финалето да го забележи најголемиот успех во историјата на хрватскиот фудбал. Инаку пред сѐ младите екипи се наоѓаа на насловните. „Трите лава“ од Англија испаднаа во полуфиналето, но изгледа иднината им припаѓа ним исто како и на Французите. Па така 19-годишниот Килијан Мбапе се охрабри да згазне по стапките на Лионел Меси или пак Кристијано Роналдо. Петте минути на овие двајца фудбалери полека, но сигурно истекуваат. И во германската репрезентација се покажа дека повеќето херои од 2014-та, колку и да звучи тоа грубо, веќе отслужиле. Не е дека недостигаат млади таленти во германскиот фудбал и токму тие треба да дојдат сега во првите редови.
Далеку подобро судење- и поради ВАР
Веќе е ритуал да се критикуваат судиите на првенствата. За тоа пак во Русија речиси и да немаше простор бидејќи ФИФА ги доведе во ред своите судии. Тие почесто оставаа да продолжи играта отколку што на пример сме навикнати во Бундеслигата и беа повоздржани со жолтите и со црвените картони. За време на целото првенство имаше само 4 црвени картони. Тоа пак одеше во прилог на текот на играта. Дополнителното време беше обилно досудувано, што беше јасен знак против игра на време. Судиите екцесивно ја користеа ВАР-технологијата, со исклучок на само неколку ситуации. Сликите од контролниот простор беа прикажувани на стадионите и на телевизиските екрани. Тоа придонесе за поголема транспарентност отколку во Бундеслигата. Не може да се смени фактот дека ќе има ситуации во кои финеси одлучуваат. „Без ВАР немаше да го има пеналот против Хрватска", изјави поранешниот швајцарски судија Урс Мајер по финалето во емисија на вториот германски канал. „Инфантино рече дека сакал повеќе правичност и сега имаме правични одлуки."
Илустрирана историја на светските фудбалски првенства
Од германското „Чудо од Берн“, преку „Божјата рака“ на Марадона, до Зидановиот „Удар со глава 2006“. Историјата на светските фудбалски првенства е полна со незаборавни моменти. Вака ги гледа карикатуристот Херман Аксел.
Фотографија: Aczel / Edel Books
„Монтевидео, бог те видео!“
Првото Светско фудбалско првенство е одржано во Уругвај во 1930. Повеќето учесници беа од северна, централна и јужна Америка, а од Европа стигнаа само четири екипи, меѓу кои и југословенската. Во финалето домаќинот го победи вечниот ривал - Аргентина. Резултатот 4:2.
Фотографија: Aczel/Edel Books
Чудото во Берн
Првото СП по Втората светска војна беше одржано во 1954 година, во Швајцарија. Најсилна екипа беше репрезентацијата на Унгарија. Во првото коло „унгарската лесна коњица“ ја совлада Германија со 8:3. Но, Германците им се оддолжија во финалето (3:2) и првпат станаа светски рпваци. Фриц Валтер (лево) и легендарниот тренер Сеп Хербергер на рамената на навивачите.
Фотографија: Aczel/Edel Books
Само еднаш
Англија - „мајката на фудбалот“ - само еднаш во историјата на светските фудбалски првенства беше првак и тоа на домашен терен во 1966 година. Во финалето ја совлада Германија со резултат 4:2. И денес е спорен голот кој Англија го постигна во 101. минута. Боби Мур (на сликата со пехар в раце) и неговите соиграчи на Англија ѝ ја донесоа првата и засега единствена титула првак на светот.
Фотографија: Aczel/Edel Books
Бразилска самба
Бразил во 1970 година по третпат стана светски првак. Кралот на фудбалот - Пеле (на сликата) и неговите соиграчи беа магионичари на теренот во Мексико. Во финалето ја совладаа Италија со резултат 4:1. На шест натпревари на СП, Пеле постигна 19 голови. Првпат таа година сите натпревари се пренесувани на телевизија во боја.
Фотографија: Aczel/Edel Books
Бомбардер на нацијата
На СП кое во 1974 година првпат е одржано во Германија, имаше неколку премиери: „Кајзер Франц“ Бекенбауер против „кралот на тоталниот фудбал“ Кројф, Запад против Исток, нов пехар. Во финалето домаќинот играше против Кројфовата Холандија и Германија славеше со резултат 2:1. Победничкиот гол го постигна „бомбардерот на нацијата“ Герд Милер (во средина).
Фотографија: Aczel/Edel Books
Божја рака
Светското првенство во 1986. во Мексико ќе остане запаметено како шоу на аргентинската фудбалска ѕвезда Диего Марадона. Благодарение на неговата генијалност и лукавство, Аргентина по вторпат стана првак на светот. Самиот Марадона постигна убав, но според гол. На средбата против Англија, со помош на раката ја уфрли топката во голот. Марадона подоцна изјави дека тоа била „Божја рака“.
Фотографија: Aczel/Edel Books
Плукање
Во 1990. Германија во Италија ја прослави третата титула светски првак. „Панцерите“ (во превод - тенкови) во финалето ја победија Аргентина со 1:0. Првенството ќе остане запаметено по неспортското однесување на Холанѓанецот Франк Рајнкард (десно) кој го плукна Руди фелер во осминафиналето. Двајцата беа исклучени од игра. Германија победи со 2:1 и се реваншираше за поразот на ЕП од 1988 година.
Фотографија: Aczel/Edel Books
Зидановиот удар со глава
Во 2006 година повторно славеше Германија, која по изведувањето пенали како домаќин во финалето ја совлада Франција. Неславен момент на првенството беше кога капитенот на француската репрезентација Зидан со глава го удри Италијанецот Матераци. Исклучен е од натпреварот и тоа означи крај на неговата успешна фудбалска кариера.
Фотографија: Aczel/Edel Books
Конечно титула
На СП во Јужноафриканската Република доминираше Шпанија со својата „тика-така“ игра. Шпанците во финалето ја совладаа Холандија со резултат 1:0. Победничкиот гол го постигна Андреас Ињеста (број 6 на сликата). Германија во борбата за трето место го совлада Уругвај со резултат 3:2.
Фотографија: Aczel/Edel Books
Крал на дриблинзите
На СП во 2014 годинина Аргентина ја предводеше Лионел Меси. Неговите мајсторски дриблинзи ја доведоа Аргентина до финалето, каде што ја чекаше Германија, која претходно го совлада домаќинот Бразил со 7:1.
Фотографија: Aczel / Edel Books
Екипа со четири титули
Финалната средба на СП во 2014 година се одигра пред 75.000 гледачи на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро. Германија ја победи Аргентина со резултат 1:0 и така стана прва европска репрезентација која освоила титула на американскиот континент. На сликата се играчите на германската репрезентација кои настапија во финалето.
Фотографија: Aczel / Edel Books
Низ светските првенства - со стрип
Издавачката куќа „Едел Букс“ по повод СП во Русија во продажба пушти илустрирана историја на светските фудбалски првенства под наслов „World Cup 1930-2018“. Незаборавните моменти од 84-годишната историја се претставени со многу хумор.
Фотографија: Aczel / Edel Books
Карикатуристот
Аргентинскиот уметник Херман Аксел (Germán Aczel) својата кариера ја почна во родниот Буенос Аирес, во кој, покрај останатото, работеше и за спортското списание „Ел Графико“. На 26-годишна возраст се досели во Германија и денес живее во Минхен. Во моментов работи за реномираниот англиски фудбалски магазин „FourFourTwo“.