1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што правеше шефот на Гугл во Северна Кореја?

ЕМФ/дв10 јануари 2013

Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун неодамна најави реформи во неговата земја. Шефот на Гугл, Ерик Шмит, сега го „фаќа за збор“. При посетата на Северна Кореја тој побарал слободен пристап до интернет.

Фотографија: dapd

Доколку граѓаните немаат пристап до интернет, Северна Кореја ризикува да заостане уште повеќе во економски поглед, вели шефот на Гугл Ерик Шмит. Тој бил во посета на комунистичката земја за да размени мислења околу користењето на интернет, изјави Шмит по заминувањето од Северна Кореја. Пред новинарите во Пекинг тој уште рече дека интернет-сферата во Северна Кореја е многу рестриктивна, пренесува јужнокорејската агенција Јонхап.

Без средба со затворениот Американец

Шмит нагласува дека неговото патување заедно со екс-гувернерот на америкаската сојузна држава Њу Мексико, Бил Ричардсон, било чисто приватно. Шмит и Ричардсон исто така наведоа дека за време на посетата на Северна Кореја не се сретнале со лидерот Ким Јонг Ун. Немало ниту средба со затворениот американски граѓанин Кенет Би, кој беше уапсен во ноември. Тој во Северна Кореја пристигнал како турист и, според официјални наводи, конфронтиран е со обвинувања дека сторил злосторства против државата. Ричардсон неодамна соопшти дека синот на затворениот Би му се обратил со барање за помош. Ричардсон ја познава состојбата во Северна Кореја, поради тоа што во изминатите 20 години постојано преговараше со тамошниот режим за ослободување на уапсени американски државјани.

Шмит и Ричардсон во ПјонгјангФотографија: Kyodo News/AP/dapd

Каква е вистинската причина и позадина на патувањето на Шмит и Ричардсон останува нејасно. Двајцата ниту ја претставуваа американската влада ниту Гугл на ова патување. Американското министерство за надворешни работи дури ја критикуваше нивната посета како „неконструктивна“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми