1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Што пропишува рускиот закон за „странски агенти“?

Соња Палникар
5 февруари 2022

Од медиуми, панк активисти и новинари, преку бранители на човекови права, до обични граѓани - десетици организации и луѓе се фатени во замката на законот за „странски агенти“ во Русија. Што точно пропишува тој закон?

Руските власти го затворија студиото на ДВ во Москва и најавија дека ќе поведат постапка за означување на Дојче Веле за „странски агент“
Руските власти го затворија студиото на ДВ во Москва и најавија дека ќе поведат постапка за означување на Дојче Веле за „странски агент“Фотографија: picture alliance/dpa/AP

Рускиот закон за „странски агенти“ датира од 2012 година и првобитно се применуваше на невладини организации кои примаат финансиски средства и донации од странство. Во декември 2019 година рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша нов закон со кој беше проширена правната дефиниција за тоа кој сѐ може да се смета за странски агент.

Сега оваа квалификација го вклучува секое физичко лице или група која прима колкава било сума пари од странство - без разлика дали станува збор за странски влади, организации или дури граѓани - и кои објавуваат „печатени, аудио, аудио-визуелни или други извештаи и материјали“.

Одвраќачки ефект

Откако властите ќе ја стават ознаката „странски агент“ на луѓе или на организации, од нив се бара сѐ што ќе објават, дури и постовите на социјалните мрежи, да го означат со реченица која укажува на нивниот статус на странски агент. Од нив, исто така, се бара на секои 6 месеци на владата да ѝ поднесат на увид финансиски извештаи и изводи од банка, и да поминуваат низ годишни ревизии.

Набљудувачите сметаат дека Кремљ го користи законот за „странски агенти“ за да ги замолкне критичаритеФотографија: Denis Kaminev/AP Photo/picture alliance

Изразот „странски агент“ носи негативни конотации од советското време во Русија и со него се сугерира дека станува збор за „шпион“. Советите овој израз го користеа за политички дисиденти.

Повеќе: Русија му се одмаздува на Дојче Веле поради лиценцата на РТ во Германија

Ознаката, исто така, ги одвраќа и огласувачите, бидејќи тие не сакаат да бидат поврзани со „странски агент“, па ни со поединци или субјекти на кои Кремљ гледа неповолно.

Критичарите тврдат дека руските власти законот го користат за пресметка со медиумите, активистите, опозициските групи и со поединци кои го критикуваат Кремљ. Групите од граѓанското општество изразуваат загриженост и сметаат дека тоа ги застрашува одделни новинари или заштитниците на човекови права и ги гуши спротивставените и различните мислења.

Кремљ ги отфрла критиките дека законот за „странски агенти“ претставува цензура, а претседателот Путин вели дека законот е потребен за Русија да може да се заштити од странско мешање.

Кој е на списокот?

Минатиот декември руската влада две членки на панк групата „Пуси рајот“ ги означи како „странски агенти“. Ова феминистичка група е позната по својата музика и по активизмот, но и по острите критики на сметка на претседателот и на Кремљ.

Антикорупциските протести во Русија

00:56

This browser does not support the video element.

Во декември руските власти ја затворија и „Меморијал“, една од најстарите организации за човекови права во земјата, затоа што многу свои објави на социјалните мрежи не ги означила со статусот „странски агент“.

Во ноември минатата година на списокот беше додаден и адвокатот Иван Павлов, врвен стручњак во областа на човекови права кој ја бранеше „Фондацијата за борба против корупцијата“ на политичарот Алексеј Навални, кој се наоѓа во затвор.

Руското министерство за правосудство како „странски агент“ го означи и новинарот и сатиричар Виктор Шендерович, познат по својата политичка ТВ-сатира „Кукли“ која се емитуваше во 1990-тите години.

И колекционерот Марат Гелман, како и уште пет други луѓе, се најдоа на списокот „странски агенти“, кои на крајот на 2020 година беше зголемен со 17 на сегашните 111 лица, односно организации.

Руското министерство за надворешни работи во четвртокот (3.02) соопшти дека планира да започне постапка за означување на Дојче Веле како странски медиум кој извршува функција на „странски агент“. Најавата следеше откако руската влада го затвори московското студио на германската РТВ за странство на Дојче Веле.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми