1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што се‘ е договорено на самитот во Брисел?

9 декември 2011

На самитот на ЕУ во Брисел не е постигната согласност за измена на Европскиот договор, поради ветото на Велика Британија. За да се смират финансиските пазари, меѓутоа, евро-земјите се согласија за меѓувладин договор.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Договор за буџетска дисциплина

Јадрото на меѓувладинот договор за буџетска дисциплина се 17-те држави на еврозоната. Девет други земји сигнализираа свое можно учество на преговорите за ваква фискална унија, но претходно сакаат да ги консултираат националните парламенти. Само Велика Британија соопшти дека нема да учествува. Сега правните експерти треба расчистат како да бидат прецизно дефинирани обврските на државите за солидно економско работење. Преговорите треба да завршат до март наредната година.

Содржина на договорот

Договорот предвидува законски пропишана кочница на задолжување и автоматска казна за буџетските грешници, кои ќе ја надминат границата на дозволениот буџетски дефицит. Европската комисија треба да ги утврди основите за кочницата на задолжување, а Европскиот суд треба да го преиспита нејзиното преточување во националните правосудства.

Еврообврзници

Заеднички обврзници на евро-земјите не се договорени. Германија во предвечерјето на самитот се изјасни против еврообврзници.

Фонд за спас на еврото - ЕСМ

Идниот траен Фонд за спас - ЕСМ, би требало да биде функционален во средината на 2012 година, наместо како што досега се планираше во 2013 година. Досегашниот Фонд за спас - ЕФСФ би требало да продолжи да постои во некој преоден период. Во март 2012 земјите на еврозоната треба да преиспитаат - дали да се зголеми вкупниот износ што стои на располагање во двата фонда од 500 милијарди евра. Германија отфрла зголемување на средствата. Одлуките за финансиска помош во иднина нема веќе да мора да носат едногласно, туку со мнозинство од 85 проценти, мерено според висината на учеството во Фондот. На тој начин треба да се спречи малите земји да спречуваат носење важни одлуки.

Пристап на Фондот до кредити на ЕЦБ

ЕСМ нема да има пристап до кредити на Европската централна банка. Фондот ќе може да позајми пари во ЕЦБ со помош на банкарска лиценца.

Кредити за ММФ

Земјите на ЕУ, како краткорочен одговор на должничката криза, имаат намера да стават на располагање до 200 милијарди евра за борба против кризата, во форма на билатерални кредити кои би ги доделувал ММФ. Според идејата, централните банки на ЕУ-земјите ќе му стават на ММФ пари на располагање, за тој да ја финансира помошта за евро-земјите во криза. Конечната одлука треба да следува за десет дена.

Приватни доверители

Учество на приватни доверители во „рез“ на долгови за земјите во криза нема да има. Причина за ваквата одлука е несигурноста што ваквиот потег би го предизвикал на пазарите. При банкрот на држави, во иднина ќе се постапува спроед правилата на ММФ, за евро-земјите да не мораат да „играат“ според построги правила отколку остатокот на светот.

Автор: ЕМФ/афп

Редактор: Б. Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми