1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што се случува по изборите: Меркел во „продолжетоци“

Волфганг Дик
27 септември 2021

По изборите и потврдувањето официјалните резултати, започнува вистинската битка на партиите за формирање нова владина коалиција. Германската канцеларка дотогаш останува на функција.

Ангела Меркел се збогува од канцеларската функција и од политиката
Ангела Меркел се збогува од канцеларската функција и од политикатаФотографија: Sean Gallup/Getty Images

Ангела Меркел и по изборите продолжува да ги извршува обврските сѐ до формирањето на новата влада. Временски рок до кога треба да се заврши тоа не постои. Теоретски Ангела Меркел би можела да остане на функцијата и до Божиќ. Ако се случи тоа, по 17 декември 2021 година ќе го урне рекордот на поранешниот канцелар Хелмут Кол, кој беше на функција цели 5869 дена.

Овластувањата на канцеларката по изборите

По изборите на Ангела Меркел ќе и биде дозволено непречено да си ги извршува сите досегашни задачи. Тоа значи и кадровски промени. Теоретски таа би можела да ги смени и своите министри кои исто така сега се само вршители на должност, и на нивно место да назначи нови.

Исто така сите официјални закажани на термини треба да се испочитуваат. Со оглед на тоа дека е малку веројатно брзо да има нова влада, Ангела Меркел, на пример, ќе присуствува и на средбата на водечките економии во светот на самитот Г20 кон крајот на октомври во Рим.

Официјалните подароци и припаѓаат на државата

Досегашната канцеларка не може да си ги земе дома подароците кои ги добила за време на нејзиниот мандат. Тоа го забранува таканаречениот Министерски закон. Подароците ги добила како канцеларката, а не како приватно лице. Поради тоа сите подароци се попишани и во сопственост на државата - исто како и работната маса, столчето и уметничките дела кои државата и ги стави на располагање за време на нејзиниот мандат.

Ангела Меркел смее и понатаму да ја користи својата канцеларија сѐ додека не се избере идниот канцелар или канцеларка. Тоа е задача на новоизбраниот Бундестаг кој го избира наследникот на Меркел по предлог на претседателот.

Новиот парламент

Новоизбраниот Бундестаг најдоцна 30 дена по изборите мора да одржи конститутивна седница, како што предвидува член 39 од Уставот. Откако финалните резултати ќе бидат потврдени од Сојузната изборна комисија и имињата на новите пратеници ќе бидат објавени, монтерите во пленарната сала започнуваат да ги местат нивните столчиња. Пред четири години кога АфД за прв пат влезе во Бундестагот, прво ниту една фракција не сакаше да седи директно до нив, што допринесе за одложување во постапката.

Канцеларката Ангела Меркел на својата работна маса во канцеларскиот кабинетФотографија: Fondation Oskar Kokoschka/ VG Bild-Kunst, Bonn 2010

Коалициски преговори

Изгледа ова е најтешкиот дел по секои сојузни избори. И во однос на ова прашање нема временски огрничувања во законот. Тоа го знаат сите засегнати страни кои преговараат за секој детал и со тоа за распределбата на моќта. Се работи за партиски цели, персонални решенија за министерските позиции и конечно коалицискиот договор. Преговорите ги отвора кандидатот на партијата која освоила најмногу гласови. Тој може да избере со кои други партии во иднина сака да формира влада.

Различно од САД и Велика Британија каде најчесто една партија има јасно мнозинство, во Германија на партијата со најмногу освоени гласови најчесто и е потребен еден коалициски партнер за да формира мнозинство во Парламентот, а во овој случај веројатно ќе бидат потребни дури два.

Тоа може да потрае

Коалициските преговори често знаат да потраат, меѓу другото и зашто најголемиот дел партии на конгреси бараат од базата одобрение за одредени други коалициски партнери.

Па така пред четири години прво имаше т.н. „Јамајка” коалиција во најава наречена според боите на карипската држава кои истовремено ја опишуваа и коалицијата од демохристијанските партии ЦДУ/ЦСУ (црните), Либералите (жолтите) и Зелените. Потоа Либералите се откажаа бидејќи сметаа дека ЦДУ премногу излегува во пресрет на партиските цели на Зелените. Потоа се постави прашањето дали СПД треба повторно да влезе во т.н. „голема коалиција” со Унијата. По првите искуства со Унијата Социјалдемократите беа воздржани бидејќи стравуваа дека нема да може во доволна мера да ги спроведат сопствените партиски цели.

Кој е најголем обожавател на Ангела Меркел?

01:09

This browser does not support the video element.

600 делегати на СПД на крајот гласаа за преговори со Унијата “без прејудицирање на исходот”. Дури потоа започнаа преговорите за коалиција. Потоа на уште еден вонреден конгрес делегатите гласаа за коалицискиот договор. По шест месеци преговори тој беше основа за формирање на новата влада.

Изборот на канцелар

Претседателот на земјата како носител на највисоката функција во Германија со оглед на распределбата на силите во парламентот го предлага оној кандидат кој има најмногу изгледи да биде избран за канцелар од страна на пратениците. За тоа се предвидени најмногу три круга гласање. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми