Изгледа ќе остане само пуста желба. И покрај завидните напори, врбувања и лутења на американскиот претседател Доналд Трамп, најголемиот остров на светот не е на продажба.
Реклама
Гренланд е претежно покриен со мраз, едвај е населен, а и не е дом на многу модерни удобности. Но затоа Гренланд другото држи има голем број на светски рекорди.
Тој е најголемиот остров на светот, најмалку густо населената територија на Земјата и е дом на единствената постојана ледена покривка надвор од Антарктикот. Поголемиот број од 56.000 жители се Инуити, потомци на населението кое се преселило од денешна Канада во 13 век.
Повеќе за островот од желбите на американскиот претседател Доналд Трамп во следнава галерија:
Ова е Гренланд: најголемиот остров во светот
Гренланд е претежно покриен со мраз, едвај е населен, а и не е дом на многу модерни удобности. Но, и покрај големите напори на Доналд Трамп, автономната данска територија, сепак, не е на продажба.
Фотографија: Imago Images/UIG
Рекордер
Гренланд држи голем број на светски рекорди. Тој е најголемиот остров на светот, најмалку густо населената територија на Земјата и е дом на единствената постојана ледена покривка надвор од Антарктикот. Поголемиот број од 56.000 жители се Инуити, потомци на населението кое се преселило од денешна Канада во 13 век.
Фотографија: Imago Images/UIG
Домашно правило
На Гренланд му беше доделено автономно владеење од Данска во 1979 година. Во 2008 година, жителите на Гренланд гласаа во корист на акт со кој на својата влада и’ дадоа уште поголема моќ. Пред да биде данска територија Гренланд, исто така, беше под норвешката круна, па дури кратко беше и под португалските истражувачи во 1499 година.
Фотографија: Reuters/L. Jackson
Северен пол
Во главниот град Нук, каде што живее околу една третина од жителите на Гренланд, е „сандачето на Дедо Мраз“. Илјадници писма упатени до Дедо Мраз се доставуваа тука околу Божиќ секоја година. Некои волонтери дури испраќаа рачно напишани одговори на што е можно повеќе деца, се’ додека поштенското сандаче мораше да се затвори во 2018 година.
Гренланѓаните беа меѓу првите кои ги почувствуваа влијанијата од климатските промени. Неодамна, научниците снимија огромно топење на мраз на островот за кое не се предвидуваше дека ќе се случи до 2070. Ако се истопи целиот мраз на Гренланд, нивото на морето ќе се искачи за 7 метри, со што ќе се уништат огромни делови од крајбрежните области низ целиот свет.
Фотографија: Getty Images/M. Tama
Моќниот маскокс
Во Гренланд со знак се предупредуваат патнците за да знаат дека поминува маскокс, познат по интензивниот мирис понекогаш од мажјаците. Тие живеат само во Гренланд, северна Канада и на Алјаска. По векови опаѓање на нивниот број како резултат на ловење, на маскоксите неодамна им се зголеми бројот поради новите ловни ограничувања.
Фотографија: DW/Irene Quaile
Десетици илјади убиени фоки годишно
Голем дел од економијата на Гренланд зависи од риболовот. Една контроверзна форма на риболов што се’ уште е дозволена е ловот на фоки, кој честопати се прави со стрелање на фоките кои седат на ледени плочи. Иако е општо прифатено дека со убивање на фоките може да дојде до нивно истребување, некои рурални Гренланѓани економски во целост зависат од ловењето фоки.
Фотографија: Inuit Sila
Алтернативен транспорт
Во некои делоци на Гренланд, нема патишта, и мештаните мора да користат санки влечени од кучиња за да одат од село до село или до морето. Снежните моторни санки мора да се многу важни но исто така се и прескапи за многу селани на Гренланд.