1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што хрватскиот претседател има против Босна и Херцеговина?

Марион Краске
1 јануари 2022

Босна и Херцеговина сѐ повеќе станува играчка за екстремистите. Хрватските и српските националисти направија сојуз. ЕУ се потпира на политика на смирување и на тој начин ѝ оди во корист на Русија.

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ
Претседателот на Хрватска, Зоран МилановиќФотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ сака напаѓачки модус. Особено кога е во прашање Босна и Херцеговина, тој не знае за милост. Среде пандемијата на коронавирусот, Милановиќ во декември 2020 година со нескриен презир и' се потсмеваше на соседната држава: Прво треба да се користи „сапун“, па  „парфем“ во Босна - со други зборови: на муслиманскиот дел од земјата му треба најпрво темелно чистење. Овие расистички тонови, далеку од каква било дипломатска воздржаност, доаѓаат од држава која е членка на ЕУ. Некои критичари дури зборуваа за нацистички жаргон.

Пред Божиќ, Милановиќ додаде уште масло на огнот. Овојпат на тапет беше многу чувствителното поглавје во босанската историја - геноцидот во Сребреница. За хрватскиот претседател масакарот во Сребреница покажува само „елементи на геноцид“. Поимот геноцид според него е ионака растеглив, како да нема критериум во меѓународното право за злостроствата насочени кон истребување на цели етнички или верски групи. Со оглед на безброј пресуди во врска со злосторствата сторени во Сребреница, со оглед на купштата документирани сведочења пред Меѓународниот суд за поранешна Југославија, овие изјави се скандалозни.

Тие се израз на општораширеното одбивање Хрватска да се соочи со минатото. Најмладата членка на ЕУ вешто ја потиснува сопствената улога во босанската војна. Критички осврт на агресивната политика на покојниот претседател Фрањо Туѓман, кој среде војната против Србија во 1991 година договори поделба на Босна и Херцеговина со својот српски колега Слободан Милошевиќ, до денес нема.

Ревизонизам и агресија

А, за времето на фашистичко усташкиот режим, кој стори злосторства на страна на нацистичка Германија, во Хрватска службено речиси и не се зборува. Ревизинистички се историските реинтерпретации, а од друга страна, широко се распространети: во меѓународниот извештај кој во 2019 година го објавија научниците од Универзитетот Јејл за ревизимот на холокаустот, Хрватска се споменува како една од оние кои во тоа предничат.

Повеќе: САД, ЕУ и пироманите во БиХ

Од својот влез во ЕУ, 1 јули 2013 година, Хрватска сѐ повеќе се развиваше во некој кој работи на проблемите на Западен Балкан. Надворешната политика често е пропратена со агресивни тонови, особено кон босанскохерцеговската државна власт во Сараево. Наместо помирување и добрососедство, Хрватска прави сѐ што е во нејзина моќ некогашните воени цели на Туѓман да станат реалност - овојпат со дипломатија.

Апартхејд систем за БиХ

Загреб има за цел во Босна да создаде трет „ентитет“ во кој ќе доминираат Хрватите, аналогно на Република Српска. Тоа дополнително би ја ослабело мултиетничката природа на Босна и конечно би развило државен систем во земјата во систем на апархејд.

Фотографија: Imago/J. Eis

Претставници на Хрватската владејачка Хрватска демократска заедница (ХДЗ) лобираат во Брисел за промена на изборниот закон во БиХ. Цел е да се зацврсти моќта на сестринската партија во соседната држава, а со тоа и својата сопствена.

Повеќе: Босна и Херцеговина: Медиумите како генератори на кризата

Во БиХ, екстремистичката ХДЗ на Босна и Херцеговина и нејзиниот радикален лидер Дрган Човиќ сѐ побесрамно соработуваат со партијата на српскиот претставник во Претседателството на државата, Милорад Додик. Неговата партија, Сојуз на независни социјалдемократи, пред неколку недели презеде први чекори за одвојување на Република Српска од босанската држава.

Дилема на балканската политика на ЕУ

А ЕУ? Таа не реагира на релативизирањето на геноцидот од страна на хрватскиот претседател. Со ништо не се обидува да се спротистави на опасното делување на Западен Балкан. Наместо да се бори против екстремистите, кои Босна ја држат во клинч, еврокомесарот за проширување, Унгарецот Оливер Вархеји, еднакво како и неговата холандска колешка Ангелина Еихорст, се снисходливи кон оние кои се обидуваат да го нарушат европскиот мир.

Фотографија: Klix

Новата германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, се залага за постапки во насока на сецесија - но, унгарскиот премиер Виктор Орбан тоа категорично го исклучува. Исламофобниот десничарски популист дури дојде во Бања Лука и демонстративно го поддржа воениот поттикнувач Додик и неговата опасна политика.

Тука е видлива дилемата на моменталната политика на ЕУ кон Балканот: еврокомесарот за проширување Вархеји, продолжената рака на Орбан, во соработка со другите нелиберални актери од Загреб, Љубљана и Белград, одржува одлични контакти со руската влада во Москва. И така сегашните напади на хрватските и српските екстремисти на мировниот систем во БиХ не се случајност: со распоредување на руските трупи на границата со Украина тоа е друг фронт кој го отвора Владимир Путин за дестабилизација на Европа.

Ако ЕУ, со оглед на овие закани, продолжи со својата компромисна политика, пред сите новата германска влада би морала да се ангажира околу тоа да стави крај на дестабилизацијата на Западен Балкан.

Босанско-херцеговската режисерка Јасмила Жбаниќ, која во својот филм „Quo Vadis Aida“ се занимава со кобните пропусти на меѓународната заедница пред и за време на геноцидот во Сребреница, со причина предупредува: „Западот мора да учи од своите грешки во 1990-тите години и да реагира пред насилството да се повтори“.

Фотографија: Stephanie Pilick/dpa/picture alliance

 

Политикологот и новинар Марион Краске беше на чело на канцеларијата на  германската фондација Хајнрих Бол за Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија од 2015 до 2021 година, со седиште во Сараево.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми