1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што ќе биде во случај на „грексит“?

Волфганг Бернерт/ Ж.А.15 јуни 2015

Преговорите околу грчката должничка криза со месеци се неуспешни, програмата за финансиска помош од ЕУ и ММФ наскоро завршува. Што ќе се случи ако кредиторите не постигнат договор со Грција? Што би значел „грексит“?

Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Грција без евро, монетарната унија без Грција- последиците би биле далекусежни.

Прво за самите Грци:

Враќањето кон драхмата би било врзано со масивно обезвреднување. Експертите сметаат дека новата драхма веднаш ќе девалвира 30 до 40% во однос на еврото. Затоа, уште повеќе луѓе ќе се обидат да ги спасат скапоцените евра на своите сметки, иако евтина драхма ќе им користи на грчките стоки и ќе го олесни извозот на претпријатијата. Но, истовремено, важните увозни стоки ќе станат многу поскапи, можеби опасно поскапи. Натамошен ефект -странските пари оддалеку ќе ја заобиколуваат Грција.

Без натамошна помош од Европа и Запад и приватните инвеститори можат да бидат одвратени ако се прекршат договорите.

И европските соседи ќе претрпат силни финансиски последици.

Зашто, при излез од еврозоната, Грција нема да ги плаќа долговите кон европските партнери. И самата Германија ќе извиси за околу 80 милијарди евра. Можна последица би биле повисоки даноци за граѓаните.

На меѓународна сцена ќе биде загрозено и заедништвото, на кое Европа радо се повикува.

А самото евро?

Еврото веројатно ќе го преживее „грекситот“. Според експертите, распадот на еврозоната денес е помалку веројатен отколку пред три години.

Но, заедничката валута значително би загубила на вредност.

Последиците од грчки банкрот

01:45

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми