1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што ќе биде со Советот на ОН за човекови права?

1 март 2006

Една од најважните конкретни одлуки на самитот на ОН од септември минатата година беше замената на Комисијата за човекови права со ново тело: Совет за човекови права, во кој не би требало да бидат застапени режими кои токму ги кршат овие права.

Гласање во Советот за безбедност на ОН
Гласање во Советот за безбедност на ОНФотографија: UN Photos

Во меѓувреме се кршат копја околу деталите на неговата структура и функционирање, а лошата вест е што токму светската супер сила САД пружаат најсилен отпор. Тоа би можело да стане уште една вечна приказна на ООН – смета Клаус Даман во следниот коментар.

Потчинување, измачување и убиства – во голем број земји на оваа планета се кршат правата на човекот. А ОН се парализирани, бидејќи режимите кои најмногу ги кршат човековите права постојано наоѓаат начини да ја одбегнат јасната осуда на меѓународната заедница. Тие редовно успеваат да издејствуваат да бидат избрани како членки на Комисијата за човекови права на Светската организација за да можат да ги модификуваат нејзините резолуции, што не им се по волја. Затоа одлуката за нејзино распуштање и формирање ново, поефикасно тело што ќе ги штити основните права на човекот и со тоа ќе биде еден вид „совест„ на човештвото претставува важен чекор.

За ваквиот пробив многу придонесоа токму САД. Од Вашингтон имено дојде притисокот врз генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, оваа реформа да ја стави на високо место во списокот приритети на Светската организација. Ни во Вашингтон, исто како ни во европските метрополи не постоеше понатаму готовност да се толерираат очигледните кршења на човековите права во големите земји како Кина или Русија, а при тоа никој да не може да ги осуди.

Но, тоа беше уште време кога не постоеја ни Гвантанамо, ни озлогласениот затвор во Багдад Абу Граиб. Откако сликите за тамошните измачувања на затворениците од страна на американските иследници го обиколија светот, САД сега стравуваат и самите дека ќе се најдат на обвинителна клупа. И тоа со право: оној кој претендира да биде светски полицаец, тој не смее да си дозволи самиот да не ги почитува меѓународните конвенции. И во борбата против тероризмот не може секое средство да ја оправдува целта.

Америка во секој случај сврте сега нов лист и нејзиниот амбасадор при ОН, Џон Болтон прави се‘ за да го оневозможи новиот проект со Советот за човекови права. Тој дури и отворено се закани дека САД нема да ги исплатат средствата за функционирање на Светската организација, кои изнесуваат една четвртина од вкупниот буџет на ООН. Јасно е што сакаат САД да постигнат со ваквите закани: едноставно да спречат самите да бидат повикани на одговорност за кршењето на човековите права. Доколку тоа им појде од рака, тогаш можеме веднаш да заклучиме дека е мртов целиот проект со Советот за човекови права, како и сите очекувања што меѓународната заедница ги поврзуваше со него.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми