1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајк

2 декември 2011

Околу 50.000 демонстранти се очекуваат денеска во Брисел. Белгиските синдикати го организираат штрајкот против најавите за кратење на буџетот за идната година.

Proteste in Belgien
Фотографија: AP

Синдикатите во Белгија денеска повикаа на протест против плановите за штедење на владата. Организаторите очекуваат околу 50.000 демонстранти во Брисел. Поради штрајкот во главниот град на Белгија ќе бидат блокирани 80 проценти од градскиот транспорт, поштенските услуги и училиштата.

Претставниците на приватниот сектор истакнаа дека денешниот штрајк го загрозува меѓународниот имиџ на Белгија и ги брка инвеститорите. Според официјалните податоци само во последниот месец банкротирале 8.564 белгиски фирми, од кои најголемиот број се од градежништвото.

Идната влада, која треба да ја води именуваниот премиер Елио ди Рупо планира наредната година да заштети 11,3 милијарид евра, што е околу една десетина од белгискиот буџет. Синдикатите стравуваат дека поради ваквите проекции ќе дојде до отпуштања и кратење на платите.

Автор: АТ/ дв/ миа

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми