Штрајк на германските градежници
18 јуни 2007Реклама
Во германската градежна бранша започна првиот неограничен штрајк по пет години.Синдикатот на градежниците ИГ Бау сака да ја прекине работата на повеќе од 100 градилишта во покраините Долна Саксонија и Шлезвик Холштајн.Штрајкот формално беше одлучен вчера,откако за него се изјаснија повеќе од 88 проценти од членовите на синдикатот.
Причина е непопуштањето на работодавачите во тарифните договори.