Штрајк на германските машиновозачи
5 октомври 2007Реклама
Поради штрајк на машоновозачите, во Германија денеска железничкиот сообраќај се одвива многу отежнато. Најпогоден е регионалниот железнички сообраќај. Машиновозачите бараат поголеми плати за 31% и тарифен договор кој ќе се однесува само за нив, а не на целата бранша. Управата на германската железница тоа го отфрла и најавува дека е подготвена и на подолг период на штрајкови. Еден ден штрајк ја чини железницата околу милион евра.