Првите штркови во Германија доаѓаат вообичаено уште во февруари и март.
Реклама
Пристигнуваат исцрпени од долгиот пат кој го минале за да се вратат од местата каде ја минале зимата. Според организацијата за заштита на природата во Германија, НАБУ, многу штркови веќе не летаат до Африка за таму да минат неколку месеци на топло. Причината е промената на климата. Дел од штрковите сега презимуваат во Шпанија или на југот и истокот на Франција.
На нашата #ФотографијаНаДенот двојка штркови ужива во своето гнездо во Бенсхајм, Германија, опкружено со прекрасните цветови на бадемовото дрво.
Пролет во Германија
2021 не е лесна година. Но, едно е сигурно: Пролетта пристигна! Погледнете ги цветните пејзажи од цела Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stache
Хоенјезар, Бранденбург
Сонцето, чија позиција во пролет е прилично ниска, силно ги осветлува крајолиците и предизвикува цутење на овошните дрвја. Како овде, во Хоенјезар, мало место недалеку од германско-полската граница.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Вајзензе, Берлин
Пролетното будење делува и врз луѓето во германската престолнина. Пркосејќи на сѐ уште ниските температури на водата, за некои и при шест степени на ладните води на Вајзензе почнува сезоната на капење. Некои се надеваат дека со капење во ладна вода ќе ги зајакнат нивните имунолошки сили.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Riedl
Потсдам, Бранденбург
Периодот на цутење на црешите насекаде во светот сигнализира почеток на потопло годишно време. И овде во Потсдам, во новата градина на црквата Свети Никола, едно црешово дрво ја покажува целата своја раскошност.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stache
Кведлинбург, Саксонија-Анхалт
Привлечни контрасти меѓу овошните цветови и средновековното наследство деновиве во Кведлинбург. Градот стар преку 1.000 години со своите фахверк градби и црквата Штифткирхе од 1994 година спаѓа во Културното наследство на Унеско.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Bein
Верлитцер парк, Саксонија-Анхалт
Исто така кон Културното наследство на Унеско припаѓа и градината Десау-Верлитц. Големиот парк е подигнат во втората половина од 18 век. Од 66 метри високата платформа на камбанаријата на црквата Свети Петри (во средината на фотографијата) се пружа поглед на прекрасниот парк и околината.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Willnow
Оберстдорф, Баварија
Во регионот на Алпите преминот од зима кон пролет и лето е прилично видлив. Додека во долината на Оберстдорф веќе цутат кокичиња, на планините во Алгој уште има доста снег.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Eifert
Боденско Езеро
Југозападниот дел од Германија традиционално е еден од најтоплите региони во земјата. На Боденско Езеро рано се појавуваат пролетните предвесници, како овде во Иберлинген. Тука, недалеку од Алпите, климата доста зависи од ветровите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Kästle
Келн
Ако се следи течението на Рајна, откако ќе се премине Боденско Езеро, по 500 километри се стигнува до Келн. Градот познат по Катедралата, се наоѓа доста посеверно, па пролетните цвеќиња цутат обично подоцна. Затоа пак пролетното сонце на променадата на Рајна нуди маркантна панорама: со црквата Санкт Мартин, Келнската катедрала и мостот Хоенцоленбрике.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kusch
Хановер
Главниот град на Долна Саксонија поради своите бројни градски паркови се смета за еден од најзелените во Германија. Притоа, во пролет зелената не е секаде доминантна боја, на пример во градината Георген ќе сретнете цело море од цвеќињата наречени сини ѕвезди.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Steffen
Санкт Петер Ординг, Шлезвиг-Холштајн
Сигурни, иако не растителни предвесници на пролетта се корпите на плажите на Северно и Балтичко Море. Кога тие ќе бидат извадени покрај морето, летото не е далеку. Оваа година тие, како овде во Санкт Петер Ординг, претставуваат повеќе само ветување - во Германија уште важи локдаун.