1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрук во Авганистан

28 април 2005

Германскиот министер за одбрана Петер Штрук задоволен од посетите на германскиот центар за обука на ирачки војници во Обединетите Арапски Емирати и на Авганистан. Поздравена готовноста германскиот Бундесвер да преземе поголема одговорност во Авганистан, односно за преземање на контролата врз целиот северен дел на земјата.

Штрук во посета на германските војници во Авганистан
Штрук во посета на германските војници во АвганистанФотографија: dpa

Со неговиот авганистански ресорен колега Абдул Вардак и со претседателот Хамид Карсаи е постигната согласност за три работи: натамошна поддршка во изградбата на авганистанската армија, потоа логистичка помош во битката на армијата да се намали големото производство на опиум и преземање уште поголема германска одговорност за безбедноста на север од Авганистан. Досега таму околу 400 војници се стационирани во регионите Кундус и Фајсабат, а од октомври да се преземе и регионот Марса и – Шариф кој сега им припаѓа на Британците:

„Германија тогаш ќе биде одговорна за целиот северен регион. На запад се Шпанците, Италијанците и Литванците, на југ Британците кои ќе ги растовариме со преземањето на север и на запад Американците„.

Министерството за одбрана се обидува да ја задржи од Бундестагот одобрената горна граница од 2 илјади 250 војници за целиот контингент во Авганистан, но Штрук веќе планира зголемување:

„Ќе го продолжиме мандатот со предлог на сојузната влада, од октомври за уште една година, а јас ќе побарам бројот на војниците да биде зголемен на 2 ипол илјади. Не гледам тешкотии во тоа зашто смислата на овој мандат ќе биде потврдена од сите фракции„.

Најтешката задача може да биде токму намерата за намалување на полињата со опиум во северниот дел за 30 насто до 2008 година. Регионалните шефови и профитери даваат отпор, па таквата акција би можела да има последици за странските војници. Штрук за тоа вели:

„Нашите војници таму мораат да знаат дека ќе настапи фаза на поголема опасност кога ќе започне интензивната битка на авганистанската влада против производството на дроги„.

Севкупно ситуацијата во Авганистан е постабилна, но не и сосема смирена.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми