1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѓорчев: Татковината останува во сигурни раце

АТ/ ЗЈ/ миа 27 април 2014

ВМРО-ДПМНЕ најави двојна победа на изборите. Татковината е во сигурни раце, порачаа од партијата, соопштувајќи дел од резултатите на предвремените парламентарни избори и вториот круг на претседателските избори.

Фотографија: Reuters

„Никола Груевски останува премиер на Македонија. Татковината останува во сигурни раце. Исто така Ѓорге Иванов останува претседател на Република Македонија“, изјави на вечерашната прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој соопшти дека кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во дијаспората освоиле најмногу гласови. „Во текот на саботата имавме убедлив резултат во Австралија, резултатот беше 4 проценти за кандидатот за СДСМ и 91 процент за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Во Европа имаше голема излезност и битка, но огромен број ја покажаа приврзаноста, ВМРО-ДПМНЕ имаше 53 проценти. Во Северна Америка резултатот беше 5 проценти за СДСМ, 26 проценти за ДУИ а за ВМРО-ДПМНЕ 60 проценти“, изјави Ѓорчев.

Соопштувајќи ги резултатите од петте изборни единици, Ѓорчев упати и благодарност до сите граѓани кои го дале својот глас за коалицијата „За подобра Македонија“.

Македонските медиуми веќе ги објавија и првичните прогнози за тоа колку пратенички места освоија партиите. Според овие прогнози партијата ВМРО-ДПМНЕ освоила 316.000 гласови наспрема 181.000 на СДСМ односно владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во новиот состав на парламентот ќе има 63 пратеници, СДСМ - 34, ДУИ -18, ДПА -6, партијата ГРОМ 1,а НДП 1 пратеничко место.

Што се однесува до претседателските избори, проценките се дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов освоил 377.00 гласови, додека кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски 278.000 гласови.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми