Јавна опомена за пратениците кои се степаа
27 август 2014![](https://static.dw.com/image/17627191_800.webp)
Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, на почетокот на 12. пленарна седница, соопшти дека јавната опомена е донесена врз основа на член 43 став 4 од Законот за Собрание.
„Како пратеник, како претседател на Собранието на Република Македонија, а пред се‘ како човек, не можам да го прифатам насилството како начин за решавање на политичките или програмските расправи. Мислам дека само со заемно почитување и толеранција можеме да создадеме многу повисока политичка култура која ќе се темели врз принципите на демократијата дефинирана со онаа позната мисла на Волтер“, рече Вељаноски.
Тој укажа дека само преку почитување на културата на дијалог и моќта на аргументите може најдобро и најефикасно да се артикулираат интересите и потребите на избирачите кои им го доделиле мандатот на пратениците. На денешната (27.06) собраниска седница не присуствуваат пратениците на ДПА, кои по инцидентот соопштија дека се повлекуваат од работата на Собранието.