1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јавниот обвинител мора да си оди

Џон Аксел/бг5 август 2015

Државна афера, каква што досега не е видена во Германија: Јавниот обвинител Харалд Ранге го напаѓа министерот за правда. Неколку часа подоцна, министерот Мас го отпушта обвинителот

Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Министерот за правда брзо пресече- во аферата со обвинувањето против новинари, Хајко Мас го обвини јавниот обвинител дека лаже- последица: Харалд Ранге мора да си оди.

„Му пренесов на јавниот обвинител Ранге дека мојата доверба во неговото раководење е уништена и затоа, во договор со сојузниот Кабинет уште денеска побаравме негово пензионирање кај сојузниот претседател“, изјави Мас.

На тоа му претходеше директен напад од јавниот обвинител врз неговиот надреден. Според Ранге, Мас барал од него да ги отфрли обвиненијата против блогерите- тоа било неприфатливо мешање од страна на министерот.

„Мешањето во истрага, затоа што нејзиниот исход не би бил политички опортун, е недозволив напад врз независноста на правосудството“, изјави Ранге.

Кавгата е поради следното: Ранге поведе обвинение против блогерите од Нецполитик.орг затоа што објавиле тајни документи на тајната служба во кои се говори за зајакната интернет контрола- за службата тоа е оддавање државна тајна, па властите покренуваат обвинение.

Со недели течела истрагата против Нецполитик.орг- со знаење и на сојузната влада- но дури подоцна доаѓа реакцијата од неколку министерства: истрагата е претерана, а новинарите се иритирани.

„Никој не сака да знае за тоа, никој не сака да ја преземе одговорноста за обвинението против нас“, вели Маркус Бекедал еден од обвинетите новинари.

Опозицијата бара прецизно објаснување и посочува неколку министерства.

„Мора да се постави прашањето: што знаел министерот за внатрешни работи? Што знаел тој за барањата на претседателот на тајната служба?“, прашува Костантин фон Ноц од опозициската партија на Зелените.

Аферата е далеку од завршена- и министерот за правда ќе мора да одговори на уште многу непријатни прашања.

Пензија за јавниот обвинител

02:05

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми