Јана Бурческа пее за финале
11 мај 2017Освен Јана Бурческа, на втората полуфинална вечер на Изборот на песна на Евровизија ќе настапат и изведувачите од Австрија, Србија, Малта,Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и од Израел.
За пласман во финалето ќе одлучуваат гласовите од публиката, како и гласовите од националните жири комисии од земјите учеснички на втората полуфинална вечер и од Германија, Франција и Украина. Годинава, Македонската радио телевизија за членови на националното стручно жири ги делегира Александар Масевски, Силвана Мучиќ Плевнеш, Антонија Гиговска, Марко Марк и Калина Велковска.
Од првата полуфинална вечер што се одржа во вторникот пласман во финалето обезбедија Шведска, Австралија, Белгија, Азербеjџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Кипар и Ерменија. Второто полуфинале на годинешниот Евросонг почнува од 21 часот.
Погледнете го видеото со вчерашната музичка проба на Јана во Киев: