1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јанева пуштена дома, Русковска ќе ги истражува судиите

БГ
19 ноември 2019

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска беше пуштена во куќен притвор. Обвинителката Вилма Русковска лута на одлуката најавува истрага против судиите во Апелација.

Nord-Mazedonien
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Катица Јанева ноќва за првпат од 21 август годинава ќе ја помине во домашна атмосфера откако Апелацискиот суд и ја укина мерката притвор и ја испрати во домашен притвор. Одлуката на судот ја налути Обвинителката Вилма Русковска од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција која најави дека ќе отвори финансиска истрага против судиите кои ја донеле одлуката. Русковска за А1Он изјави дека се уште го чека решението на судот за одлуката за Јанева, но вели дека обвинителството дало негативно мислење за барањето на адвокатите на Јанева.

„За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор, ќе спроведеме финансиска истрага. Со вакви судии нема во ЕУ“, вели Русковска. Одлуката за замена на мерката за поранешната специјална обвинителка која е обвинета во случајот „Рекет“ ја донеле тројца апелациски судии.

Јанева попладнево со полициска придружба и со качулка на главата, од истражниот затвор Шутка замина во домот на својот син во центарот на Скопје. Таа одби да одговара на новинарски прашања. На Јанева и е одземен пасошот и таа не смее да ја напушта државата ниту да комуницира со други вмешани во случајот Рекет.

Почетокот на судењето за случајот Рекет е закажан за трети декември. Првообвинет е Бојан Јовановски, а на обвинителната клупа ќе седне и Зоран Милески.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми