1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Јанева хоспитализирана, обвинението за „Рекет“ стокмено

БГ
10 октомври 2019

Поранешната специјална јавна обвинителка заврши на клиника во прединфарктна состојба, а Јавното обвинителство го поднесе обвинението против неа, Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Обвинета е за злоупотреба на положбата.

Nord-Mazedonien
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Катица Јанева е обвинета дека помагала и финансиски профитирала во добивањето рекет од бизнисменот Јордан Камчев- операција која ја организирале првообвинетиот Бојан Јовановски и неговиот соработник Зоран Милевски. Јанева добила 50 илјади евра од вкупната сума од 1,5 милиони евра кои останатите двајца успеале да ја наплатат од бизнисменот. Јанева утрово заврши во клиниката „Жан Митрев“ каде и е констатирана прединфарктна состојба и е задржана на лекување.

Обвинителството тврди дека освен паричната награда од 50 илјади евра, поранешната специјална обвинителка која е обвинета за злоупотреба на службената положба, добила и мебел.
Првообвинетиот Бојан Јовановски се товари за две кривични дела: Перење пари и Примање награда за противзаконито влијание.
Обвинителството смета дека Јанева ја злоупотребувала својата положба за да му ја олесни позицијата на Камчев во истрагата за случајот „Империја“. Најпрво му го укинала притворот, за што сопругата на Камчев на другите двајца обвинети им исплатила 500 илјади евра, а потоа му го вратила и пасошот, со што сумата од рекетот достигнала 1,5 милиони евра.

Обвинителите Љубомир Јовевски и Вилма РускоскаФотографија: DW/P. Stojanovski

Јовановски, алијас Боки 13, инаку формално невработен и со блокирани трансакциски сметки, парите од рекетот ги трошел на луксузен мебел, облека и обувки и престој во луксузни летувалишта надвор од земјата.

Истрагата за случајот вчера беше проширена и со четири нови лица, меѓу нив и со, се уште актуелната, потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, како и со таткото на Боки 13. Ременски денеска изјави дека не се чувствува виновна и одбива да поднесе оставка на функцијата. Судот вчера и го одзеде пасошот и и забрани да го напушта Скопје. Домашен притвор и беше одреден на заменик-претседателката на невладината организација на Јовановски „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми