Традиција наспроти сурова и застарена практика. Јапонците, по повеќе од три децении пауза, повторно пловат во комерцијален лов на китови.
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Nogi
Реклама
Јапонија го обнови контроверзниот комерцијален лов на китови. На почетокот на неделата, и покрај острите меѓународни протести, неколку бродови отпловија на првиот комерцијален лов на китови по повеќе од 30 години. Имено, заштитниците на природата велат дека ловот на китови е сурова и застарена практика. Но, јапонските заедници за лов на китови го прославија овој потег, велејќи дека тоа е дел од нивната традиција: „Тоа што можам да бидам тука и да ги испратам комерцијалните бродови на лов за првпат во 31 година, е нешто што сметам дека е многу емотивно за оние кои работат за продолжување на овие ловови и среќен сум од длабочината на моето срце“, рече на свечената церемонија Шигето Хасе, директор на Агенцијата за риболов на Јапонија.
Погледнете го видеото на оваа тема:
Јапонците повторно во лов на китови
01:16
This browser does not support the video element.
Во Јапонија од 1988 година беше забранет комерцијалните лов на големи китови, со одлука на Меѓународната комисија за лов на китови (ИВЦ) во 1988 година. Тоа предизвика и соодветно намалување на интересот за месо од кит - дотогаш омилен деликатес на Јапонците - на пазарите.
Фотографија: Reuters/I. Kato
Но земјата ја напушти ИВЦ пред шест месеци за да продолжи со ловот, со образложение дека само мал број видови китови се загрозени.
Јапонската агенција за рибарство годинава одреди квота за лов на 227 посебни видови китови.
Фотографии од дивината: застрашувачки прекрасно
Овој орангутан сака да се искачи високо - и успеа! Токму оваа фотографија на Тим Ламан му ја донесе титулата „Wildlife Photographer of the Year". Но, и конкуренцијата не е за потценување.
Орангутан во височински занес
Тим Ламан со оваа фотографија ги остави зад себе останатите 50.000 конкуренти за наградата „Wildlife Photographer of the Year“. Таа прикажува Борнео-орангутан, чиј вид е многу загрозен, во индонезиската дождовна прашума. За да ја направи фотографијата, Ламан неколку дена се мачел да инсталира камера на дрвото. Ова е една од шесте фотографии со кои тој ја раскажува тажната приказна за хоминидите.
Чавка на месечева светлина
Британецот Гидеон Најт има само 16 години и со оваа фотографија ја освои наградата за најдобар млад фотограф. Мотивот не е којзнае колку невообичаен, но светлината и целата сцена на фотографијата ѝ даваат исклучителна убавина.
Тажна сцена
Ваква слика не очекувал веројатно ниту фотографот Пол Хилтон. Станува збор за најголемата заплена на панголини досега. Животните кои се хранат со инсекти биле наменети за Кина и Виетнам. Нивното месо важи за деликатес, а кожата и крлушките се користат во традиционалната медицина. Сите осум вида животни со крлушки од фамилијата Манидае се на листата на загрозени видови.
Тешко мирување
Овој лешник расне во домот на фотографот Валтер Биното, во северна Италија. Лешникот на исто растение има и машки и женски соцветија. „Најтешко беше фотографирањето на женските (црвените) соцветија, додека ресите се движат“, објаснува Биното. „Затоа ми беа потребни цветови на кусо гранче, кое е најстабилно што е можно.“
Градскиот живот на дивата мачка
Низ тесните улички на едно предградие на Мумбај, во близина на националниот парк Санџај Ганди, ноќе шетаат леопарди. Тие се во потрага по храна. И покрај повремените средби и напади, дивите мачки се дел од општеството и културата кој е прифатен. Најан Канолкар со оваа фотографија сака да покаже што може да значи толеранцијата. Тој ја доби наградата во категоријата „Урбан“.
Реквием за еден ут
Матс Андерсон од Шведска ја освои наградата во категоријата „Црно-бела фотографија“. Секоја година, напролет, Андерсон шетал низ шумите и притоа уживал во друштвото на два ута - сѐ додека не го нашол едниот од нив мртов. „Утот ја отсликува мојата тага по неговиот другар“, вели тој.
Рибја оргија
Неколку дена во месецот - на полна и млада месечина - илјадници риби од видот Lutjanus се собираат на мрестење. Оваа мешаница е добредојдена за грабливците. Тони Ву за оваа фотографија, направена во Тихиот Океан, ја освои наградата во категоријата „Под вода“.
Игриво
Овој млад морски лав во Калифорнискиот Залив си игра со морска ѕвезда. Луис Хавиер Сановал поради леснотијата во својата фотографија ја освои наградата во категоријата „Импресии“. Фотографиите од денеска (21.10) се изложени во Природонаучниот музеј во Лондон, по што изложбата оди на турнеја во 60 градови ширум светот.