1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонскиот премиер Абе се повлекува од функцијата

СН/дв
28 август 2020

Ниту еден шеф на јапонската владата не бил на функцијата толку долго како Шинзо Абе. Но ,тоа наскоро ќе заврши. Абе денеска најави оставка на премиерската функцијата поради здравствени причини.

Japan Premirminister Shinzo Abe erklärt Rücktritt
Фотографија: Reuters/F. Robichon

Јапонскиот премиер Шинзо Абе во петокот изјави дека неговото здравје започнало да се влошува на средината на минатиот месец и оти тој не сака тоа да создаде проблеми при донесувањето на  важните одлуки во политиката.

Абе го изјави ова на денешната пресконференција во Токио во рамките на образложението на најавата дека има намера да се повлече од функцијата шеф на владејачката Либерално демократска партија, и со тоа и од премиерското место.

Претходно намерата на Абе, најави да поднесе оставка поради лошата здравствена состојба, беше потврдена и  од неговата Либерално демократска партија. Генералниот секретар на партијата во горниот дом во јапонскиот парламент, Хирошиге Секо, изјави дека Абе и' соопштил на управата на партијата оти ќе поднесе оставка на местото премиер.

Фотографија: Imago Images/Kyodo

Абе инаку, со години се бори против улцерозен колитис, а двете недамнешни болнички посети во рок од 7 дена поттикнаа прашања дали треба да остане на должноста до крајот на мандатот како лидер на партијата, и поради тоа, премиер, до септември 2021 година.

Рекордер на премиерската функција

Конзервативниот Абе се врати како премиер, на реткиот втор мандат, во декември 2012 година, ветувајќи дека ќе го поттикне растот со својата мешавина „Абе економија“, хипередноставна монетрана политика, фискално трошење и реформи.

Повеќе:

-Јапонија: Реизбор на Шинзо Абе

-Јапонија го отфрла пацифизмот?

-Предвремени избори во Јапонија

Во понеделникот Абе одбележа 8 години на власт и стана лидер на Јапонија со најдолг стаж, соборувајќи го рекордот кој пред половина век го постави неговиот чичко Еисаку Сато.Се очекува должноста премиер да ја извршува неговиот заменик, министерот за финансии Таро Асо.

По критиките поради справувањето со пандемијата на коронавирусот и скандалите меѓу членовите на партијата, Абе неодамна доживеа и пад на поддршката на едно од најниските нивоа за време на неговиот речиси 8 годишен премиерски мандат.

Јапонија не доживеа експлозивен пораст на заразата како во другите земји во светот, но Абе беше критикуван поради несмасниот ран одговор и она што критичарите го нарекуваат недостаток на лидерство додека се ширеше заразата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми