Јапонскиот премиер Наото Кан поднесе оставка
26 август 2011Реклама
Јапонскиот премиер Наото Кан поднесе оставка на функцијата и се повлече од раководната функција во Демократската партија. Рејтингот на 64-годишниот Наото Кан се намали под 20 отсто поради незадоволството на Јапонците од начинот на кој се справуваше со кризата по хаваријата во нуклеарната централа Фукушима, предизвикана од земјотресот и цунамито од 11 март.
Се очекува партијата в понеделник да избере нов лидер, кој според традиција ќе биде и нов премиер. Гласањето во Долниот дом ќе биде во вторник. Најголеми шанси има поранешниот министер за внатрешни работи Сеиџи Маехара. Ако биде избран, 49-годишниот Маехара ќе биде најмладиот премиер на Јапонија по Втората Светска Војна.
Автор: ТТ/ АТ/ миа
Редактор: Е.М. Фиданоска