1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јастржембски: не треба да се брза со решение за Косово

24 октомври 2007

*

Русија и ЕУ можат да ги приближат ставовите за статусот на Косово, оцени Сергеј Јастржембски, специјален претставник на рускиот претседател за односи со ЕУ. Со донесување дефинитивно решение за идниот статус не треба да се брза и решението треба да се засновува врз принципите на меѓународното право, смета тој. Јастржембски напомна дека некои од земјите на ЕУ од оправдани причини страхуваат од можен драматичен и непредвиден развој на настаните во случај на еднострано признавање на независноста на Косово.

По два дена во Португалија ќе се одржи самит ЕУ – Русија, на кој една од темите ќе биде и Косово.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми