1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јеремиќ: Србија размислува како ќе одговори на еднострано прогласување независност на Косово

31 август 2007

*

Министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ денеска изјави дека српската влада сериозно размислува како ќе одговори ако дојде до еднострано прогласување на независноста на Косово. „Србија нема друг избор отколку на сериозен начин да одговори на акти кои би го загрозиле територијалниот интегритет и суверенитет на земјата“, рече Јеремиќ на прес конференција. Тој не навести за какви реакции се размислува. Министерот оцени дека со почетокот на нови директни разговори меѓу Белград и Приштина ќе започнат да се намалуваат меѓусебните разлики и дека ќе се дојде до компромис.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми