1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЈИЕ е соочена со недостиг на струја

Катрин Славингер / Елизабета Милошевска Фиданоска8 април 2012

Луѓето во Југоисточна Европа зад себе ја имаат најострата зима со децении. На огромен студ мораше уште да се штеди и струја за домаќинствата и стопанството. На повидок нема подобрување.

I
Фотографија: dapd

Директорот Хасан Чаушевиќ сонува еден ден целата негова термоцентрала во централна Босна да биде обновена како што тоа се случи со генераторот, модернизиран со техника од Европската унија.

„Во 2003 година овој блок беше во многу лоша состојба. Со реновирање му го продолживме рокот на траење за 15 години“вели Чаушевиќ.

Термо-грдосиите од Југославија од 50-тите години на минатиот век речиси насекаде изгледаат исто - како музеи за отпад.

Централата е изградена по Втората светска војна од страна на западногермански инженери, како репарација по војната.

Босна, како и цела ЈИЕ, има итно потреба од нови централи. Оваа зима, која беше најострата во последните 30 години, струја речиси снема. Претпријатијата имаа рестрикции. За инвеститорите е тоа јасна задача:

Фотографија: WWF-Canon / Andrew

„Проблемот е политиката, одлуките на владата. Имаме инфраструктура, проекти за нови постројки, но потребни ни се вистински одлуки на државно ниво“, објаснува Чаушевиќ.

Работата е заглавена во целиот регион. ЈИЕ, во делот на енергетиката, под притисок на ЕУ требаше да создаде заеднички пазар уште пред шест години - меѓу Црното море и Јадранот. Но до денес од тоа нема ништо. Повеќето земји мора дури и да увезуваат струја.

Нема инвеститори. Михаел Волски од Германско-босанското стопанско здружение, вели:

„Ваквата состојба се должи на бесконечната бирократија, на законите кои се преклопуваат и така натаму.“

Притоа, има барем интерес, пред се‘ за развој на електроцентралите. Германскиот концерн РВЕ се надева на нови договори. Но од тоа нема ништо за директорот Чаушевиќ и неговата термоцентрала во централна Босна. А Светската банка прогнозира дека на соседството на ЕУ ќе му биде потребно многу повеќе енергија - двојно повеќе отколку пред 20 години.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми