Јужна Азија погодена од тежок земјотрес
8 октомври 2005Две згради во центарот на пакистанскиот главен град Исламабад целосно се урнати од земјотресот, а спасувачките екипи бараат преживеани. Од северот на Пакистан се јавува и за други материјални штети. Во источно пакистанската метропола Лахорe исто така дојде до уривање и оштетување на објекти а се јавува и за голем број повредени. Планинскиот регион на северот на земјата беше погоден и со лизгаење на земјиштето. Портпарол на армијата изјави дека село во пакистанскиот дел на Кашмир целосно било уништено.
Спасувачките активности во планинскиот регион се отежнати поради блокираните и затрупани улици. Насегаде на улиците во Пакистан луѓето се во паника и страв. Дополнителните земјотреси и два часа по земјотресот внесуваат немир кај луѓето.
Потресот се почувствува и од другата страна на границата: во Авганистан и на северот на Индија, во Амритсар и главниот град Њу Делхи, но и во главниот град на Кашмир Шринагар.
Земјотресот според првите проценки на пакистанските власти е еден од најтешките земјотреси во историјата на земјата. Шефот на метеоролошкиот инстиут во Исламабад, Камар уз Заман го потврдува:
„Ова е најголемиот земјотрес во регионот во последните сто години. Измеривме дека силината на земјотресот е 7,5 степени според рихтеровата скала, локацијата на емицентарот е на околу 100 километри северно од Исламабад. Има извештаи за големи штети во регионот.“ изјавио Заман
Во спасувачките активности вклучена е и армијата. Од Равалпинди и Исламабад полетаа хилихоптери во правецот на Хималаите, а пакистанската влада формираше кризен штаб.
Регион околу јужниот крај на Хималаите веќе подолго време е сеизмички активен – експертите очекуваа голем земјотрес. Бидејќи епицентарот се наоѓа во близина на површината на земјата, земјотресот се почувствува на поголема територија, појаснуваат сеизмолозите. Големиот земјотрес траеше две минути.