1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јули бил најтоплиот месец во историјата на човештвото

БГ
6 август 2019

Додека огромни пожари беснеат во Сибир и Алјаска, а Европа во повеќе наврати е погодувана од жестоки топлотни бранови, научниците велат дека е ова само почеток на ефектите од глобалното затоплување и климатските промени

Russland Waldbrände in der Region Krasnojarsk
Уништена шума снимена од воздух по пожарите во СибирФотографија: picture-alliance/TASS/D. Sorokin

Изминатиот месец јули бил најтоплиот месец било кога измерен, а 2019 е на пат да стане најтоплата година  во историјата, покажуваат податоците на Мрежата за набљудување на Земјата на ЕУ.

Пожарите кои со месеци беснеат во Сибир и Алјаска ослободиле повеќе од 100 милиони тони јаглерод диоксид во атмосферата. Во истовреме, ледената обвивка на Гренланд секојдневно драматично се намалува- само во јули се стопиле 200 милијарди тони лед, според Данскиот метеоролошки институт.

„Иако јули е вообичаено најтоплиот месец во годината ширум планетата, според нашите податоци, тоа е воопшто и најтоплиот месец некогаш измерен“, изјави Жан-Ноел Тепо прв човек на Сервисот за климатски промени Коперник на ЕУ.
„Со зголемените емисии на стакленички гасови и нивното влијание врз глобалните температури, рекордите ќе продолжат да бидат уривани“.

Ледот на Гренланд драматично се топиФотографија: picture-alliance/AP/Danmarks Meteorologiske Institut/S.M. Olsen

Во споредба со периодот 1981-2010, просечните температури во јули најмногу пораснале на Алјаска, Гренланд, Сибир, централна Азија, Иран и големи предели на Антарктикот. Африка и Австралија исто така се над просекот.

Глобално, јули 2019 бил за малку потопол- за 0,04 степени, во однос на претходниот рекорд кој беше поставен во јули 2016.

Многу плажи во Мексико и САД се уништени од алги кои забрзано растат поради глобалното затоплувањеФотографија: Getty Images/J. Sullivan

Но, новиот рекорд е дотолку позначаен, затоа што во 2016 зголемените температури беа последица на силниот Ел Нињо- природен феномен кој предизвикува зголемена топлина на секој три до седум години.

„Јули напиша нова климатска историја, со десетици температурни рекорди на локално, национално и глобално ниво“, изјави генералниот секретар на Светската метеоролошка организација (СМО), Петери Талас. За тоа е виновно глобалното затоплување, додава тој.

„Ова не е научна фантастика. Ова е реалноста на климатските промени“.

Секој одделен месец во 2019 година досега беше меѓу четирите најтопли во историјата.

Сателитска снимка на пожарите во СибирФотографија: Reuters/NASA/GSFC

Секоја година во 21 век, освен една, досега била најтопла во историјата, факт за кој нема друго објаснување освен глобалното затоплување предизвикано од човекот, велат научниците.

Европа летово веќе се соочи со два драматични топлотни бранови во кои температурите во земји како Франција и Германија достигнуваа и до 46 степени целзиусови.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми