1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг во Авганистан

Михаел Грот3 септември 2008

Министерот за одбрана Јунг при посета на Авганистан се информираше за безбедносната сосотојба во земјата. Ги посети и германските војници стационирани во земјата и ситуацијата во регионот ја оцени како „многу напната“.

Министерот Јунг во КундусФотографија: picture-alliance / dpa

Министерот за одбрана Франц Јосеф Јунг го посети кампот на германските ИСАФ војници во северен Авганистан и со пофални зборови ја истакна нивната работа „Се разбира ситуацијата во моментов е многу напната. Кога излегувате на терен и знаете дека атентатори самоубијци се движат наоколу со мотоцикли и нападите се непосредна закана, тогаш се разбира дека постои загриженост. Но морам да кажам дека навистина сум благодарен и помалку и горд како нашите војници ја извршуваат својата задача. Тие се добро обучени добро вооружени, и покрај вакавата напната ситуација и натаму се мотивирани.“

Секојдневни закани

Каква е реланата состојба може да се прочита преку секојдневните вести, преку кои Германците добиват предупрдувања од атентатори самоубијци. Дека тие серизно треба да се сфатат покажува и последнитот напад врз патрола на Бунедсверот пред два дена. Војниците пак велат „Од една страна полека станува секојдневие, кога секој ден се примаат вакви закани, од друга и покрај тоа секоја закана мора стопроценти сериозно да ја сфатиме и колку што е можно подоборо да се подготвиме. Секојдневно зборуваме и тоа ни е од помош.“ вели еден војник

На Авганистан му се потребни ИСАФ трупите

Министерот за време на посетата во Кундус се сретна и со гувернерот на регионот како и најстариот член на едно паштунско племе, кој воедно и посредуваше во инцидентот меѓу Бундесверот и едно семејство. Жена и две деца беа убиени мината недела на контролен пункт, откако претходно не реагираа на предупрдувачките истрели да сопрат, на војнциите на Бундесверот. Гувернерот увери деко во овој случај на Германците не им се префрлуваат лоши намери, а случајот бил регулиран преку обештетување за да се спречи крвна одмазда. Кон ова министерот подвлече „наша цел е да им помогнеме на луѓето, да ги поддржиме луѓето, да создадеме безбедност и да сториме се што е во наша моќ да се избегнат цивилни жртви.“ рече министерот кој смета и дека повеќе треба да се стори и на планот на обука на домашната полиција.

Гувернерот на Кундус Енгинер Омар од своја страна исто така зборувше дека ситуацијата е напната и истовремено се заблагодари за ангажманот на Бундесверот. На Авганистан му се потребни ИСАФ трупите, само на тој начин земјата ќе остане стабилна.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми