1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг во Призрен и Ерлер во Белград за статусот на Косово

4 мај 2007

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг апелираше до косовските Албанци да не прогласуваат еднострано независност на покраината.

Франц Јозеф Јунг со војник на германскиот Бундесвер во Призрен
Франц Јозеф Јунг со војник на германскиот Бундесвер во ПризренФотографија: AP

При посетата на германските војници во Призрен, тој побара и од Албанците и од Србите на Косово трпение додека не се најде компромисно решение за статусот во Советот за безбедност на ОН.

Меѓународната заедница вложува големи напори за изнаоѓање решение за статусот на Косово. Тоа треба да дојде наскоро, порача германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг на кусата прес-конференција во Призрен. “Секакво еднострано решение според мене е погрешно, нагласи Јунг. Треба да ги вложиме сите напори да дојдеме до заедничко решение во рамки на ОН.“ Со оглед на критиката за планот на Марти Ахтисари од Русија како членка на Советот за безбедност со право на вето, Јунг порача дека и Русија е членка на Контакт групата.

“Како НАТО, така и ЕУ и генералниот секретар на ОН сосема јасно го поддржуваат планот на Марти Ахтисари. По посетата на делегацијата на Советот на безбедност на теренот, се надеваме дека ќе биде најдено многу добро решение за статусот на Косово“ - порача германскиот министер за одбрана.

Франц Јозеф Јунг денеска се среќава и со највисокото политичко раководство на Косово за да разговара за најновите тензии во регионот. Тие се предизвикани од одлагањето на одлуката за конечниот статус на покраината. Јунг ги отфрли шпекулациите дека косовските Срби би можеле да се отцепат, доколку биде прогласена независност на Косово.

Против унилатерални решенија и за префрлање на конечната одговорност врз Советот за безбедност на ОН се заложи и германскиот заменик министер за надворешни работи Гернот Ерлер при вчерашата посета на Белград. Тој во име на Германија и на ЕУ го образложи ставот кон предлогот на Марти Ахтисари за конечниот статус на Косово:

“Тоа е компромис за кој нема разумна алтернатива. Постои решеност што побргу да се дојде до конечно решение за статусот, но тоа мора да биде одлука на Советот за безбедност на ОН“ - нагласи Ерлер на разговорите со српскиот премиер Воислав Коштуница.

Коштуница и во оваа прилика инсистираше на концептот на надгледувана автономија, што според него е вистински компромис и во склад е со Повелбата на ОН. Меѓународната заедница мора да одреагира на уцените од албанска страна и на заканите со насилство. На Косово не се исполнети условите од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, во што можеше да се увери и делегацијата на Советот што неодамна престојуваше во регионот, потенцираше на средбата со Ерлер, српскиот премиер Воислав Коштуница.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми