1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг на Косово

6 декември 2005

Владата во Берлин е задоволна од воениот ангажман и останува на политичкиот курс во однос на Косово

Франц Јозеф Јунг
Франц Јозеф ЈунгФотографија: AP

Воената мисија на Бундесверот на Косово беше првата дестинација на новиот германски министер за одбрана Франц Јозеф Јунг по стапувањето на новата функција.

Франц Јозеф Јунг зад затворени врати во германскиот воени камп во Призрен разговараше со командантот на мултинационалната бригада југозапад на КФОР италијанецот Клаудио Моро и неговиот заменик, германскиот полковник Герд Кроф. Потоа тој ги посети и војниците на бундесверот за одблиску да се запознае со нивните секојдневни активности

Јунг се интересираше кога ќе почне обновата на верските објекти посебно обновата на опожарените српски куќи. На средбата со новинарите пред Синан Пашината џамија, Јунг соопшти дека новата германска влада не го менува курсот на политиката кон Косово

„ Многу сум задоволен од ангажирањето на нашите војници во обезбедувањето на мирот. Тие се добро примени од народот на Косово и затоа и натаму ќе останеме на Косово. Нема да има намалување на бројот на војниците

„Се надевам дека разговорите за Косово ќе дадат позитивен резултат. Тое е многу важно за развојот на покраината. На почеток сме на преговорите. Мислам дека е потребно двете страни да реагираат позитивно и да тргнат напред, рече Јунг и додаде;

„Решавачко за Косово е да се постигне позитивен напредок и мирен прогрес, а кога ќе се реши статусот на покраината тоа подразбира и економски развој. Ги поздравуваме почетокот на преговорите и го поддржуваме господинот Ахтисари. Се надеваме дека ќе се постигне брзо и трајно решение, а со тоа и напредок бидејќи актуелната состојба е многу тешка за покраината, на политички економски и секаков друг вод план, рече министерот Јунг.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми