1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг на Косово

4 мај 2007

Германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг денеска во Приштина изрази надеж дека земјите членки на советот за безбедност ќе донесат заедничка резолуција за идниот статус на Косово. На разговорите со косовскиот државен врв Јунг ја повтори поддршката за планот на специјалниот преставник Марти Ахтисари и изрази надеж дека процесот ќе заврши до крајот на месецов. Јунг ги предупреди властите во Приштина да не прогласуваат еднострана независност. Косовскиот претседател, Фатмир Сејдиу, по разговорите со шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, изјави дека без разлика на ставот на одлуката на Русија, Приштина ќе објави независност само со благослов на западните сојузници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми