1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јункер: ЕУ се наоѓа во егзистенцијална криза

ЖА/дпа/афп/ртре14 септември 2016

Претседателот на ЕK Жан-Клод Јункер гледа егзистенцијална криза за ЕУ. Членките на ЕУ пречесто во преден план ги ставаат само националните интереси, изјави Јункер во говорот во Стразбур посветен на состојбата на Унијата.

Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Seeger

Излегувањето на Велика Британија за претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер не е почеток на процес на распаѓање на ЕУ. Унијата жали поради одлуката на Британците, „но ЕУ не е загрозена во својот опстанок“, изјави Јункер во својот говор за состојбата во Унијата, одржан во Европскиот парламент во Стразбур. Сепак, дел од развојните процеси будат сомнеж дека „ЕУ делумно се наоѓа во егзистенцијална криза“. Јункер ги обвини ЕУ-владите за често протежирање исклучиво на националните интереси: „Бројот на областите во кои работиме заеднички и солидарно, е премал.“ Тој предупреди дека на овој начин се навртува вода на воденицата на популистите. „Популизмот не решава проблеми, напротив - популизмот предизвикува проблеми“, истакна Јункер. Два дена пред одржувањето на средбата на шефови или влади посветена на иднината на Унијата, шефот на ЕК пледира за „искрено скенирање на состојбата“, како и за поголеми напори против невработеноста и во прилог на посоцијална Европа.

План без познато финансирање

Со цел надминување на економската криза во Европа, Јункер предлага удвојување на неговата инвестициска програма од 2014. година: наместо 315 милијарди евра за рок од три години, до 2020. година треба да бидат обезбедени 630 милијарди евра. Т.н. Јункеров план треба да се реализира со мал дел јавни пари, а во голем дел со приватни инвестиции. Основата беше 21 милијарда евра во „Европскиот фонд за стратешки инвестиции“, ЕФСИЛ.

Од неговиот почеток, според наводи од ЕК, веќе се стартувани проекти во вредност од 116 милијарди евра. Финансирањето на волуменски двојно пообемниот план меѓутоа сѐ што не е детализирано на подолг рок. Според зборовите на Јункер, за периодот до 2020. година за сигурни се сметаат околу 500 милијарди евра. Покрај нив потребни се натамошни средства од буџетот на ЕУ, како и од земјите-членки.

Без привилегии за Британците во иднинаФотографија: Reuters/N. Hall

Во својот говор Јункер исклучи дополнителни преговори со Канада околу договорот за слободна трговија. „Гаранциите кои ние ги бараме можат да бидат прецизирани и издејствувани во парламентите“, рече Јункер. „Но, дополнителни преговори нема да има.“ ЦЕТА е „најдобриот и најнапредниот“ трговски договор кој досега го склучила ЕУ, тврди Јункер. Но, договорот ЦЕТА е критикуван првенствено поради планираниот начин на решавање на конфликтите - предвиденото воведување на арбитражни судови за инвеститорите.

Без бланко-билет за Велика Британија

Осврнувајќи се на преговорите за истапување на Велика Британија од ЕУ, претседателот на ЕК потенцираше дека Лондон нема да добие никаков бланко-билет за пристап кон внатрешниот пазар на ЕУ. Во тековните преговори околу идните односи, добивање непречен пристап кон европскиот економски простор е можно само ако британската влада го прифати принципот на слобода на движење на ЕУ-граѓаните, истакна Јункер.

Британците на крајот на јуни на одржаниот референдум неочекувано со околу 52 проценти изгласаа излегување од ЕУ. В петок шефовите на држави или влади на останатите 27 членки на ЕУ се среќаваат во чешката престолнина Братислава со цел да договорат насоки за новата поставеност на ЕУ. Тежишни точки, според претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, ќе бидат безбедносните прашања и заштитата на границите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми