1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јункер: членство во ЕУ само со решени гранични спорови

БГ /АФП
6 февруари 2018

Во пресрет на презентацијата на Стратегијата за Западниот Балкан, претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер пред Европскиот парламент порача дека никој нема да влезе во ЕУ без решение за билатералните спорови

EP Rede Juncker in Strassburg
Фотографија: Reuters/V. Kessler

Решавање на меѓусебните спорови, па дури потоа влез во ЕУ за земјите од Западниот Балкан, порача денеска од Стразбур, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер.

„Ова коцкање со најави дека ќе се реши проблемот по зачленувањето нема да се случи по вторпат, не со мене“, порача Јункер.
Иако не ги наведе конкретно споровите кои го попречуваат придвижувањето кон ЕУ на земјите од Западниот Балкан, светските агенции ги наведуваат конфликтот меѓу Србија и Косово околу признавањето на независноста на поранешната југословенска покраина, како и спорот околу името меѓу Македонија и Грција. Актуелниот граничен спор меѓу Словенија и Хрватска околу поморската граница, само ја зајакнува одлучноста на ЕК да не дозволува внесување на билатералните проблеми во ЕУ.

Во однос на споменувањето на 2025 година како датум кога Србија и Црна Гора би можеле да станат полноправни членки, Јункер предупреди дека не треба да има премногу „возбудување“ околу тој датум.

„Погрешно е да се тврди дека јас или Комисијата сме рекле дека приклучувањето на Србија и Црна Гора мора да се случи до 2025 година. Тоа е индикативен датум. Охрабрување за сите заинтересирани страни да работат напорно за да продолжат на тој пат“, рече Јункер.
Јункер, заедно со шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан попладнево во Стразбур ќе ја презентираат Стратегијата на ЕУ за Западниот Балкан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми