Љуљзим Баша е градоначалник на Тирана
8 јули 2011Реклама
Одлуката на Државната изборна комисија значи дека Љуљзим Баша, кандидат на владејачката партија за градоначалник на Тирана, ја задржува изборната победа врз основа на малиот број гласови (93) предност во однос на кандидатот на опозицијата доскорешниот градоначалник на Тирана, Еди Рама.
Приврзениците на опозициската Социјалистичка со денови протестираа пред просториите на Изборната комисија поради нејзината одлука да ги измени резултатите од гласањето од осми мај со дополнително земање предвид на гласовите кои не биле пребројани затоа што биле уфрлени во погрешни гласачки кутии.
Според резултатите од 8 мај , лидерот на Социјалистите, Еди Рама имаше извојувано победа со предност од само неколку гласови.
Автор:ЕМФ/СН/бета
Редактор: Симе Недевски