1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Ќе го издржи ли интернетот времето на коронавирусот?

Томас Колман
4 април 2020

Милиони луѓе работат од дома, видео-конференции се замена за состаноците во канцеларија. И, милиони луѓе седат дома и гледаат филмови и серии. Ќе издржи ли интернетот? Дојден ли е до своите граници?

Internet-Knoten DE-CIX
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

Швајцарската влада се заканува дека ќе го исклучи Нетфликс и други слични понудувачи. Најголемиот понудувач на интернет во земјата Свиском пред неколку дена предупреди дека мрежата ќе биде преоптоварена. Тоа е нуспојава на вирусот и мерките на изолација - сите се дома од каде работат или гледаат видео-содржини за разонода.

Загриженоста расте и во ЕУ. Комесарот за заеднички пазар Тјери Бретан бара од големите понудувачи да разгледаат како може да се заштеди проток на податоци. На тоа веќе реагираа Нетфликс и Јутјуб со тоа што го намалија квалитетот на сликата во Европа.

Јутјуб во наредните 30 денови дозволува гледање видеа само во стандарден квалитет (SD) наместо во висок (HD). Нетфликсза четвртина го намали количеството на податоци кое го пренесува, но не е преминат сосема на SD, туку го прилагодува квалитетот на моменталната оптовареност на локалната мрежа. Тоа значи дека некои претплатници на оваа платформа ќе забележат дека сликата е полоша, додека други нема да забележат ништо.

Подобар квалитет на сликата бара повеќе пиксели, а тоа значи повеќе податоци. Затоа HD овие денови станува луксуз.

Германија не е загрижена

Според пишувањето на медиумите, Франција веќе барала од Дизнида го одложи покренувањето на платформата Дизни+ , која од утре би требало да нуди содржини како Нетфликс.

Во Германија се’ уште нема такви грижи. Во Франкфурт се наоѓа еден од најголемите интернет-јазли во светот DE-CIX. Засега е регистрирано зголемено користење на интернетот за 10%, но тое се’ уште не е алармантно. Кога сите капацитети би биле искористени, брзината би паднала на 9,1 терабајти во секунда, вели Харалд Зума, шеф на управата на интернет-јазолот во Франкфурт.

Харалд ЗумаФотографија: picture-alliance/dpa/P. Zschunke

„Овие 9,1 терабајти се најголемо оптоварување кое сега можеме да го имаме на мрежата, а во моментов протокот е 41 терабајти, што значи има уште многу простор“, вели тој.

Дека во Германија нема причини за загриженост вели и Доротеа Бер, која во Канцлерамтот е задолжена за дигитализација. „Дури и кога се’ би било вклучено, кога сите во Германија би работеле од дома и паралелно би гледале преку интернет фудбалско првенство, дури и тогаш ќе има доволно капацитети.“

Повеќе:

Коронавирус: „Непобедливите“ тинејџери не сакаат да седат дома

Фотографија на денот: Коронавирус: Сакам да останеш дома!

Во DE-CIX во Франкфурт немаат податоци кои точно содржини се користат повеќе, но знаат дека користењето видеа е зголемено за 50%. Тоа не е резултат само на зголемено гледање филмови и серии, туку има и повеќе видео-конференции преку платформи како Скајп или Зум, Повеќе се играат и видео-игри.

„Гледаме дека луѓето сега порано почнуваат со користење интернет. Вообичаено врвот е помеѓу 20 и 21 часот, а сега почнува веќе во 10 часот. Гледаме дека однесувањето на луѓето на другиот крај на мрежата е значително променето“, вели Зума.

Тој додава и дека по зголеменото кроистење интернет се гледа кои области во светот се посебно силно погодени од епидемијата. На пример, во Мадрид сега се пренесуваат 60% повеќе податоци од вообичаено.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми