1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе запре ли падот на цената на нафтата?

К. Шице / емф13 јануари 2016

Цените на нафтата не престануваат да паѓаат. Првпат во последните 12 години тие се на ниво под 31 американски долар за барел. Крај на надолниот тренд не е на повидок.

Фотографија: picture alliance/blickwinkel/P. Cairns

Почеток на декември во Виена: членките на ОПЕК не можат да постигнат согласност за намалување на производството на нафта, со што би се излегло на крај со ниската цена на нафтата. Единствениот постигнат договoр: ќе има повторно средба доколку цената падне под 35 американски долари за барел. Сега е стигнато дотука.

Во време на средбата на нафтениот картел, цената за барел сурова нафта од сортата Брент изнесуваше 43 американски доалри. Меѓутоа, производството продолжи со неизменето темпо, а покрај тоа стигнаа и грижите поради забавениот економски пораст во Кина. Така цените продолжија да паѓаат до крајот на месецот.

Во моментов цената на нафтата е нешто над 30 долари за барел. Тренд: надолу.

Поради поволната цена на нафтата акциите ширум светот се на ниско ниво, зашто енергетските концерни и нивните лиферанти бележат загуби.

А, земјите кои се зависни од приходите од нафта и гас, се стигнати до своите граници. Руската влада, на пример, најави драстични мерки на штедење за барем донекаде да ја ублажи загубата од бизнисот со нафта и гас.

Овде можете да го погледнете видеото:

Ќе запре ли падот на цената на нафтата?

01:12

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми