1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе предизвика ли Косово домино ефект?

19 февруари 2008

Може ли едностраната прогласена независност на Косово да има импликации и во Босна и Херцеговина? Како регионот ќе делува во однос на признавањето на Косово?

Се уште не се знае како ќе се одрази независноста на Косово врз регионотФотографија: picture-alliance/ dpa

Во Босна и Херцеговина се стравува дека прогласувањето на независнот на Косово може да има негативно влијание во земјата и да мотивира слични постапки во делот на Република Српска. Властите во Сараево се за поумерен пристап кон ова прашање. За сега тие немаат намера да го признаат независно Косово. Претседателот на Парламентот, Милорад Живковиќ беше краток:

“Ние во БиХ сметаме дека тоа не смее да се направи никогаш“.

Според него, „со едностраната сецесија, Косово го повредило меѓународното право, поради што сега е најважно да се зачува мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина за да се спречи можен негативен ефект и во неговата земја“.

РС:независноста на Косово неприфатлива

Непризнавање на Косово е став кој го поддржуваат и властите во Република Српска. За нив прогласената независност е неприфатлив акт со кој се растура територијалниот интегритет на Србија, поради што со сите сили ќе ги спречат босанските власти некогаш да го признаат. Од друга страна и високиот претставник во Босна и Херцеговина, Мирослав Лајчак изјави дека „ниту еден проблем во БиХ на никаков начин не е поврзан со Косово и неговиот статус и секој обид вештачки да се поврзат Косово и Босна мора одлучно да биде отфрлен.“ Сепак тензиите во БиХ се зголемија откако Српското движење на невладини организации од Бања Лука најавија дека ќе побараат прогласување на независност на Република Српска.

Црна Гора и Хрватска ќе ги следат ЕУ и САД


Црна Гора, нема да избрзува и во однос на Косово ќе ја следи политиката на ЕУ. Претседателот на Парламентот Бранко Кривокапиќ вели:

„Ќе почекаме да се искристилизира ставот на ЕУ по ова прашање и ќе делуваме во согласност со него.“

Аналитичарите во земјата проценуваат дека Црна Гора нема да биде меѓу првите земји кои ќе ја го признаат Косово, но дека ќе следат политиката на САД и клучните земји на ЕУ. Можно е за таквата одлука да се гласа и во Парламентот. Официјален Загреб се уште не открива кога ќе следи хрватското признавање на независноста на Косово. Во соопштението од владата се вели дека тие „ќе го следат развојот на ситуацијата и ќе делуваат во согласност со ставот на САД и ЕУ. Тоа го потврди и шефот на дипломатијата Годан Андроковиќ: „Ќе видиме какви ќе бидат реакциите на САД и ЕУ. До тогаш има доволно време па ќе процениме.“ Неофицијално, медиумите јавуваат дека одлуката за признавање ќе биде донесена в четврток на седница на хрватската влада.

Бугарија набљудува, па ке реши

Ставот на Бугарија кон Косово пак ќе зависи од тоа како косовското раководство ќе се однесува кон планот на Ахтисари, кој Софија го поддржа. Претседателот Георги Парванов изјави дека Бугарија, одлуката ќе го гради врз основа на тоа како случувањата на Косово ќе придонесат врз стабилноста на Балканот во целина.


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми